
Над 190 повредени полицајци и десетици хоспитализирани
Според официјалните податоци на албанските здравствени власти, во досегашните нереди се повредени вкупно 310 лица. Структурата на повредените покажува дека најголем товар поднеле безбедносните сили – повредени се 191 припадник на државната полиција, 88 демонстранти и 31 случаен минувач.
-
La Linea v13
699 ден
524.25 ден
Само за време на синоќешните демонстрации, медицинска помош побарале седум лица во Универзитетската болница за трауматологија и во болничкиот центар „Мајка Тереза“. Меѓу нив имало полицаец, малолетен демонстрант, случајни минувачи, како и новинар од меѓународен медиум кој по укажаната помош бил пуштен на домашно лекување.
Рама подготвува строг одговор за насилниците
Како одговор на континуираната ескалација на уличните немири, за денеска претпладне е закажан состанок на пратеничката група на владејачката Социјалистичка партија во просториите на Претседателството на Собранието на Албанија.
„На денешниот состанок, на кој ќе присуствува и премиерот Еди Рама, се очекува да бидат претставени конкретни мерки против сите лица кои учествувале во насилните инциденти и предизвикувањето немири за време на студентските протести“, информира новинарката Ексиола Шеху за „Еуроњуз Албанија“.


