Тој е убеден дека жртвите се повеќе од објавените 59.
„Ова е најтешкиот инцидент во мојот град. Загинатите се повеќе од тоа што се соопштува. Ви гарантирам, се повеќе од 59 души.“
Ова го вели Љубчо Јанев. Го сретнавме пред болницата во Кочани. Неговата ќерка е лекарка таму.
-
La Linea v5
699 ден
524.25 ден
„Исплашена е од виденото. Тоа се деца“, вели човекот.
Љубчо раскажува дека внуците му планирале да одат на концертот во дискотеката. Но, се откажале.
„Беа во друг град на тренинг. Требаше да ги земам. Но, во последен момент решија да останат уште неколку дена. Инаку редовно одат во дискотеката“, вели тој.
Љубчо Јанев не разбира како малолетни деца биле пуштени во ноќен клуб. Имало дури и 13-годишно дете кое настрадало.
„Ова е голем срам, невиден случај. Не треба да пуштаат деца под 18 години“, вели тој.
Човекот е категоричен. Потребни се итни мерки за заштита на децата.
„Без корупција нема ништо! Има институции. Не си ја завршиле работата како што треба. А сега се сетија да проверуваат. Задоцниле. Ако немало дозвола, зошто работело?“, прашува човекот.
14 лица се приведени по инцидентот. Неколку часа откако поднесе оставка, на распит беше повикан и градоначалникот на Кочани.



