во , ,

Чудесна бајка создадена од снег и мраз: Град кој барем еднаш во животот треба да го посетите во текот на зимата

Фестивалот во Харбин некои го нарекуваат и замрзнат Дизниленд затоа што опфаќа многубројни дворци и други чудесни нешта кои што ги има само во бајките – но, во природна величина направени од снег и мраз.

Меѓународниот фестивал на скулптури од снег и мраз во Кина ќе се одржи по 37-ми пат. Иако фестивалот службено започнува на 5-ти јануари 2021 година со тема „Magical Harbin, Ice Snow Charming China“, поголемиот дел од скулптурите веќе се завршени.

Замрзнатите скулптури се простираат на неколку локации во градот, а на нив во просек работат околу 10.000 луѓе.

Некои од скулптурите знаат да достигнат висина и од 50 метри. За изработка на скулптурите се трошат и до 200.000 кубни метри мраз. До мразот не е тешко да се дојде затоа што во овој град на североистокот од Кина зимите се брутално ладни, а температурите знаат да се спуштат и до -25 степени Целзиусови.

Освен уживањето во скулптурите и во шоуто со светла кое што се приредува во состав со фестивалот кога ќе падне ноќта, посетителите може да си изберат и разни зимски спортови – од скијање до пливање во ледената река.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

18 Илустрации од уметник кој ги открива сите детали на модерното општество

24 Смешни реакции на домашни мачки кои за прв пат се среќаваат со снег