
Канадски нуркачи кои го истражувале дното на езерото Онтарио откриле „неидентификуван објект“ кој се испоставил дека е речиси совршено зачуван брод стар најмалку 200 години.
Она што почнало како рутинско нуркање се претворило во сензација кога нуркачите здогледале неверојатна глетка. Еден детал посебно ги збунил и воодушевил – двата јарболи на бродот сè уште стоеле исправени. „Тоа е исклучително ретко! На другите потонати бродови јарболите се откинати или оштетени. Овде стоеја исправени, како бродот да чека да исплови“, изјави нуркачот Хејсон Чак.
Мистеријата на „неидентификуваниот објект“
-
Dolce & Kafana
699 ден
524.25 ден

Локален универзитет уште во 2017 година го регистрирал објектот на сонар како „неидентификуван“, а истражувачите првично мислеле дека се работи за бродот „Rapid City“ од 1884 година. Сепак, археологот Џејмс Коноли потврди дека ова откритие е многу постаро.
Недостатокот на централна кобилица и специфичното кормило укажуваат дека бродот е изграден во почетокот на 19 век (1800-тите). Идентитетот на бродот и субината на екипажот засега остануваат мистерија, а истражувањето продолжува.


