
Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, кои во источните делови од земјата ќе бидат пообилни.
На повисоките планини врнежите ќе преминат во снег, а на некои од повисоките места се очекува мешавина од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, што ќе донесе постудено време. Минималните температури се движат од 3 до 8, а максималните ќе достигнат од 6 до 11 степени.
Студено и дождливо во Скопје, засилен ветер од утре
-
Пулсот на пивото
699 ден
524.25 ден
Во Скопје ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд и температура до 9 степени. Според УХМР, оваквото време ќе се задржи до сабота. Од утре (петок) се очекува умерен, а повремено и засилен северен ветер, додека на планините врнежите ќе продолжат да преоѓаат во снег.


