во ,

Јапонија ќе отвори вежбалница за видеоигри

Порано имавме интернет-кафе, а сега се модерни вежбалниците за електронски спортови.

Јапонија ја отвора првата вежбалница за е-спортови во Токио. Станува збор за место во кое аматерите и професионалните играчи може да вежбаат и да учат од професионални тренери.

Местото треба да биде отворено на 19 мај и во него ќе има компјутери за играње во кои веќе ќе бидат инсталирани некои од најпопуларните видеоигри во Јапонија. Играчите може да резервираат тричасовни сесии на еден од компјутерите за околу 13 долари или да купат месечна членска карта за 50 долари со која ќе имаат секојдневен пристап до компјутерите. Сесиите со професионален тренер чинат дополнителни 25 долари за час.

Реклама

Вежбалницата е производ на соработката помеѓу компанијата за превоз „Токио метро“ и компанијата за образование во областа на е-спортовите „Гесипи“.

Се очекува во 2021 г. глобалните приходи од е-спортовите да надминат 1 милијарда долари, додека публиката на платформите за следење е-спортови треба да брои 728,8 милиони низ светот, според извештај од компанијата „Њузо“. Низ светот растат и инвестициите во е-спортовите, а најмногу вљубеници во видеоигри има во Азија.

Вежбалницата во Јапонија не е единствена од овој вид. Слични места има и во САД, Сингапур и Јужна Кореја. Во јануари Шангај почна да гради арена за е-спортови што треба да чини 1 милијарда долари.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

20 Пати кога луѓето забележале смешно фотошопирани слики и морале да ги споделат

11 Илустрации со кои овој уметник ја раскажува својата приказна како посвоил едно бездомно маче