во , ,

Јужнокорејски дизајнер создаде „трето око“ за корисниците на паметни телефони

Дваесет и осумгодишниот Паенг Мин-вук развил роботско „трето око“ што корисниците на паметните телефони може да го стават на челото за да избегнат повреди додека се движат и истовремено го користат паметниот телефон.

Уредот отвора транспарентен капак кога ќе забележи дека главата на корисникот е спуштена и насочена кон екранот на телефонот. Кога корисникот е оддалечен еден или два метра од пречката, уредот емитува звучен сигнал за предупредување за претстојна опасност.

– Ова е иднината на човештвото со три очи – вели Паенг, кој е дипломиран студент по инженерски дизајн за иновации во Лондон, демонстрирајќи ја употребата на третото око во област во Сеул.

– Бидејќи не можеме да ги тргнеме очите од паметните телефони, потребно ни е дополнително око – вели тој.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

20 Вознемирувачки стрипови кои прикажуваат досега невидена страна на популарните ликови

22 Урнебесно лоши машки фризури од 70-тите