
Јутјуберот Роберт, познат по своите креативни експерименти, ги изненади своите 57 милиони следбеници со необичен подвиг – лансирање на пилешко јајце во вселената!
-
Балтазар
699 ден
524.25 ден
Со помош на метеоролошки балон, Роберт го испрати јајцето на ова необично патување, при што најголем предизвик беше да осигури дека ќе преживее при враќањето на Земјата. Тој ја изолирал подлогата за да го заштити и од удари, но и од екстремните температури.
Патувањето поминало без никакви проблеми сè до моментот кога јажињата на балонот се заплеткале, што резултирало со враќање на јајцето кон Земјата со брзина од 240 km/h! Роберт го следел сето тоа со двоглед, надевајќи се дека заштитниот систем ќе го исполни својот дел од работата.
Иако крајот не бил целосно предвидлив, експериментот сепак бил успешен – јајцето се вратило во едно парче!
Дознајте што точно се случи во видеото, а ние со нетрпение го очекуваме следниот предизвик на Роберт, кој вети дека следниот пат ќе испрати јајце на Марс.


