
Николовски бара оставка од Трипуновски: ‘130 милиони евра се блокирани, 10.000 работни места загрозени’
Поранешниот министер за земјоделство, Љупчо Николовски, денеска упати жестоки критики и побара одговорност од актуелниот министер, Цветан Трипуновски, откако Трипуновски во интервју самиот потврдил дека европската ИПАРД програма е суспендирана. Според Николовски, оваа суспензија е директна штета за државата, блокирајќи 130 милиони евра наменети за земјоделците, што ќе загрози 3.000 бизниси и 10.000 работни места.
Николовски, кој сега е пратеник од СДСМ, го обвини министерот дека во своето „нервозно“ телевизиско појавување не понудил никакво решение, ниту кажал колкава е штетата. Тој директно посочи дека причината за суспензијата е истрага за „корупција и криминал“ во која се вклучени најблиските соработници на Трипуновски, вклучително и една од неговите посебни советнички.
‘Трипуновски нападна 4.000 семејства кои живеат од сопствен труд’
Николовски реагираше и на обидот на Трипуновски да ги критикува претходните програми спроведени од СДСМ. „Наместо да преземе одговорност, министерот нападна и претходни програми кои донесоа реални резултати. Тој нападна над 4.000 нови мали производители, нови семејства кои денес живеат од сопствен труд. Програми што беа симбол на успех, сега се цел на безмислени критики“, истакна Николовски.
Според него, блокираните 130 милиони евра не се само бројка, туку „грантови за реални луѓе, за млади земјоделци, за семејства кои вложиле сопствени средства и надеж дека државата и Европа стојат зад нив“.
‘Нудам решенија, Трипуновски ги одби’
Поранешниот министер вели дека понудил конкретни решенија за спас на ситуацијата, но дека Трипуновски ги одбил и „избрал да обвинува без докази“. Поради ова, Николовски бара одговорност, јасно алудирајќи на оставка.
„Мојата борба не е против никого лично, туку за секој земјоделец кој денес чувствува дека е изневерен. Нудам помош и конкретни решенија и ќе ги понудам и на неговиот наследник, на секој што мисли добро за државата“, порача Љупчо Николовски. Оваа јавна пресметка покажува дека суспензијата на ИПАРД програмата се претвора во првокласен политички скандал, во кој цехот, како и обично, ќе го платат земјоделците.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден







