
Скандалозно барање по враќањето на коските на Самоил
Познат по своите континуирани антимакедонски ставови, бугарскиот националист Џамбаски ја искористи актуелната тема со враќањето на коските на Цар Самоил за да упати ново контроверзно барање насочено кон македонската историја.
-
La Linea v14
699 ден
524.25 ден
Тој преку својот профил на социјалните мрежи порача дека посмртните останки на револуционерот Гоце Делчев, кои денес почиваат во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, треба да бидат пренесени назад во бугарската престолнина.
„По цар Самоил, сега е ред на Гоце Делчев да се врати во Софија – во Македонскиот дом, каде што почиваше сè до 8 октомври 1946 година, кога урната со неговите посмртни останки им беше предадена на Југославија од страна на национални предавници“, напиша Џамбаски во својата скандалозна објава.


