во ,

10 Неверојатни филмови што не добија Оскар, а вреди да ги изгледате

Многу одлични филмови биле на некоја начин „ограбени“ од страна на Академијата која е задолжена за номинации и доделување на наградата Оскар. Во најголем дел од времето не се согласува со публиката, но се чини дека таа го има завршниот збор и одлучува за квалитетот и популарноста на филмовите.

Купи маица за 599 ден.

busted-maska-crna

Дали сте знаеле дека ремек-делото на The Shawshank Redemption работен според оригиналната приказна на Стивен Кинг, иако се наоѓа на речиси сите филмски листи со епитетот „најдобри“, нема добиено ниту еден Oскар?

И покрај седумте номинации, филмот не освоил ниту еден, но го издржал тестот на времето. Што значи наградите не секогаш се пресудни за успех.

Ги препорачуваме следните 10 брилијантни филмови кои не освоиле Oскари, но ги освоиле срцата на публиката:

Memento

Ленард Шелби кој работи во осигурување страда од амнезија. Тој ги користи личните белешки и тетоважите на своето тело за да го фати човекот за кој смета дека ја убил неговата сопруга. Тоа е последното нешто што Ленард го памети.

Amélie

Амели е млада келнерка која живее во свој имагинативен свет. Таа решава да им помогне на луѓето околу неа да најдат среќа. Нејзината желба и потрагата по радост за другите ја води низ животна авантура во која ќе пронајде вистинска љубов.

The Shawshank Redemption

Енди е успешен банкар, кој е уапсен за убиство на неговата сопруга и нејзиниот љубовник. Тој е осуден на доживотен затвор во затворот Шошенк. Енди станува најнеобичниот затвореник кој стапнал во затворот.

American Hustle

Ирвинг и Сидни се измамници кои се принудени да работат за Ричи, агент на ФБИ. Во замена за нивното „кодошење“ тој им нуди амнестија. Тие се дел од тајна операција што ќе доведе до затвор и осуда на многу истакнати луѓе.

The Master

Фреди, ветеран од Втората светска војна, не е во состојба да се справи со повоеното општество. Меѓутоа, кога ќе наиде на религиозно движење познато како „The Cause“, тој наоѓа утеха во него.

Carol

Тереза работи во ексклузивна стоковна куќа на Менхетн каде што се запознава со убавата и софистицирана Керол. Работите добиваат неочекуван пресврт кога Тереза развива силни чувства кон Керол.

Fight Club

Млад човек кој страда од несоница. Незадоволен од консумеристичкото и сурово капиталистичко општество тој формира илегален подземен клуб за борби со Тајлер, загадочен млад човек кој изработува и продава сапуни.

The Truman Show

Осигурителен агент е несвесен за фактот дека целиот негов живот е ТВ-емисија, а членовите на неговото семејство се само актери. Како што почнува да ги забележува работите и ја открива вистината, тој решава да избега.

Taxi Driver

Тревис, поранешен војник и ветеран од Виетнам работи како таксист во Њујорк. Еден ден ќе спаси малолетна проститутка од нејзиниот макро, во обид да го исчисти градот од корупцијата.

Clerks

Данте и Рендал работат во продавница. Тие ги мачат клиентите, разговараат за филмови и музика, мрзеливи се и по цел ден играат хокеј на покривот на продавницата.


Што мислиш?

29 Поени
Upvote Downvote

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Необична баба: 71-годишна жена крева тегови од 120kg и вежба 20 часа неделно

9 Модни трикови кои Италијанките ги користат за да го шармираат целиот свет