во ,

10 Работи на кои Американците се навикнати, но изгледаат чудно за остатокот од светот

Вистината е во окото на набудувачот. За Американците, ова значи огромни чаши со неограничено полнење, цели делови во супермаркет посветени на целото кралство на житарици. За Европејците, ова е нешто што го гледаат само за време на ТВ сериите на Нетфликс додека проголтуваат цели сезони во дождливите денови.

Но, за да се открие кои културни разлики навистина се издвојуваат како големи кога се споредува американскиот начин на живот и остатокот од светот, треба да се разгледа што луѓето самите имаат да кажат. Така, составивме список со најдобри одговори што откриваат што е сосема нормално во САД, но изгледа многу чудно во другите држави низ светот.

Кога ќе наполните 18 години може да бидете испратени во странска земја за да убиете луѓе, но не смеете да пиете алкохол.


Зошто има голем број на луѓе кои веруваат во рамна Земја. Дали е се во ред со образовниот систем на САД?

Жените добиваат отсуство од работа само околу 6 недели откако ќе родат бебе и најверојатно ќе биде неплатено.

Имаат полициска патрола низ сите училишта.

Не ставање на крајната цена на ознаката. Не сум сигурен дали е сè уште вака, но пред неколку години никој никогаш не знаеше дали артиклот од 1,00 долари во Мекдоналдс или Бургер Кинг е всушност 1,00 долари или можеби 1,08 долари.

Никогаш не разбрав зошто луѓето во американските ТВ серии ја изгубија својата куќа и работа само затоа што се разболуваа. Тогаш дознав дека тоа може да се случи во Америка.

Како Британец што живее во Америка, количината на фармацевтски реклами на ТВ е морничава.

2017 година во Џорџија бев на работа и се онесвестив, веќе ми беше добро, но мојот шеф повикал брза помош и инсистираше на тоа да ме проверат … возењето со брза помош само 3 километри ме чинеше 950 долари од моите пари за осигурување. Бев само дехидриран …

Намерно влегување во огромни долгови за факултетска диплома. Доаѓам од место со бесплатно универзитетско образование (што секако има свои недостатоци), и фактот дека може да донесете толку огромна одлука што го менува животот на 17 години, се смета за нормално таму, тоа ми изгледа чисто бизарно.

Дополнителни големи чаши „без дно“ за кола или безалкохолни пијалоци …. може да се капете во тие …


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Роналдо го купи најскапиот стан во Лисабон со поглед од 360 степени кон целиот град – „ѕирнете“ во неговиот луксуз

Работи кои не сте ги знаеле за Sony: На овој ден пред 75 години била основана компанија со 8 вработени и име непознато на светот