Зимското Бајкалско езеро во Сибир станува сцена на редок природен феномен познат како Бајкал Зен.
Големите карпи се балансираат на тенки ледени ‘нозе’ над површината на езерото, така што изгледаат како да лебдат во воздухот.
-
La Linea v13
699 ден
524.25 ден

Научниците со години ја проучуваат оваа ретка појава и сè уште не постои едногласен консензус околу објаснувањето, пренесува „Oddity Central“.








Иако некои се сомневале во автентичноста на фотографиите, брзо било потврдено дека тие навистина се реални, односно дека такви сцени во зима на Бајкалското езеро се можни кога ќе се исполнат одредени услови.

Доколку сакате да слушнете можни научни објаснувања и имате 40-на слободни минути, можете да ја погледнете снимката. Во меѓувреме, уживајте во виралните фотографии на овој необичен феномен.


