
Позитивно видео од Битола се шири низ социјалните мрежи со голема брзина. Невеста облечена во елегантна венчаница весело танцува заедно со своите пријателки во кафулето „Порта Џез”. Изборот на песна не е случаен. На подот одекнува „100% те љубам” од XXL — македонска евровизиска класика стара дваесет и пет години.
-
La Linea v5
699 ден
524.25 ден
Песна со историја — и со емоција
XXL ја освоија „Скопје Фест” во 2000 година токму со оваа песна. Со неа ја претставуваа Македонија на Евровизија во Стокхолм. Го освоија 15-тото место — резултат кој и денес се паметидо со носталгија. Четврт век подоцна, песната сè уште кренува на нозе — овој пат во кафуле во Битола.


