
Потпретседателката на СДСМ, Јована Тренчевска, денеска на прес-конференција ја претстави програмата „Твоја држава, твоја шанса”. Во центарот на вниманието беа економските мерки насочени кон граѓаните кои се соочуваат со сè потежок животен стандард. Пораката беше јасна и директна. „Достоинствениот живот не е привилегија. Тој е право”, изјави Тренчевска.
Пензии поголеми за 50 проценти во еден мандат
-
Јас сум толку стар
699 ден
524.25 ден
Најголемото ветување е насочено кон пензионерите. СДСМ предвидува зголемување на пензиите до 50 проценти во текот на еден мандат. Целта е обезбедување достоинствен живот за повозрасните граѓани. Ако се реализира, ова би бил најголемиот раст на пензиите во историјата на државата.
Минималната плата да се усогласува автоматски
СДСМ предлага и автоматско усогласување на минималната плата со трошоците за живот, инфлацијата и просечната плата. Идејата е едноставна — растот на цените мора да биде проследен со раст на примањата. Тренчевска посочи и дека повисокиот профит на компаниите треба да значи и повисоки плати за работниците. За фирмите кои ќе ги зголемуваат платите, партијата предвидува намалување на данокот на добивка или субвенционирање на придонесите.
Студентски стаж, хонорарци и дигитален пасош за работникот
Програмата вклучува и низа конкретни мерки. Предвидено е признавање на студентскиот стаж. Хонорарците и сезонските работници би добиле поголема правна заштита. Воведувањето дигитален пасош за работникот е уште една новина. Самохраните родители би добиле додаток за домување и покриени трошоци за градинка.
Обвинување на Владата: Нема мерки за економската криза
Тренчевска не поштеди критики кон актуелната Влада. Според неа, граѓаните се соочуваат со сè потежок животен стандард, а Владата не нуди соодветни мерки за справување со економската криза. Програмата на СДСМ е директен одговор на она за кое, според партијата, власта молчи со месеци.


