во ,

12 Бизарни работи поради кои може да ве уапсат во Европа

Да се грижите за крави пијани во Шкотска

Ако заглавите во паб и потоа под дејство на алкохол водите стадо крави може да платите казна од 200 фунти или да бидете затворени дури до 51 седмица. Истото важи и за коњи.

Не носење на направа за проверка за алкохол во крвта во Франција

Во Македонија полицајците се грижат за ова, но во Франција мора сами да си купите и во автомобилот со вас секогаш да имате т.н. breathalyzer, направа која прави проценка колку алкохол во крвта имате.

Прескокнување на оградата во метрото во Лондон

Дури и да сте во брзање не се обидувајте да ја прескокнете оградата кога чекате во ред за да купите билет во метрото во Лондон, затоа што ќе го прекршите законот и следува санкција.

Играње шах за време на секс во Талин

Во главниот град на Естонија постои ваква забрана. Навистина е бизарна и не знаеме дали Естонците имаат навистина толкава страст за шах.

Хранење на гулаби во Венеција

Хранењето на гулабите во овој италијански град можеби ви изгледа како сцена од бајките, но од 2008 година ако бидете фатени како го правите ова на плоштадот St Mark’s Square, може да добиете казна од 700 долари.

Носење на костими за капење на градските улици во Барселона

Барселона е град на туристите и има прекрасни плажи, но кога шетате низ улиците на овој град облечете нешто врз вашиот костим за капење за да не добиете казна.

Разгледување на историски знаменитости во високи потпетици во Грција

Во Грција не смеете да посетувате некои историски знаменитости со високи потпетици затоа што на тој начин може да им нанесете голема штета и да добиете казна.

Уринирање во океанот во Португалија

Не знаеме како полицијата во Португалија го регулира ова, но постои ваква законска регулатива.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Каспер ти ли си?

Во Заводот за вработување…