во , , ,

11 Илустрации ги прикажуваат типичните видови на туристи што ги гледаме на секој летен одмор

Погледнете ги 11-те видови туристи кои сите сме ги сретнале барем еднаш, низ илустрации:

Експерти за сè

Овие луѓе се убедени дека знаат буквално сè – каде треба да јадете пица, кој автобус да го фатите, како правилно да се спакувате, дали во музејот се изложени копии или оригинали…

Најголемиот проблем е што постојано го наметнуваат нивното „знаење“, без разлика дали вие го сакате тоа или не.

Реклама

Фото-туристи

На овие луѓе не им е толку важно да видат некоја знаменитост, колку само да направат фотографии и да им се пофалат на сите каде биле.

Проблемот е што неретко фотографирањето трае многу долго, а тие се чувствуваат како околу нив да нема и други туристи кои сакаат да ја видат знаменитоста.

„Домаќини“

Сите сакаме да се чувствуваме удобно кога сме на одмор, но обично „домаќините“ претеруваат. Каде и да седнат, овие луѓе го запоседнуваат целиот простор околу нив, секогаш носат премногу храна и се однесуваат како да се во нивниот дом. Најлошото од сè е што секогаш оставаат најмногу отпад.

Туристи кои бараат дружба

Ова се луѓе кои тргнале на патување само со една цел – да зборуваат и да им досадуваат на што е можно повеќе други туристи.

Тие се секогаш расположени за разговор, без проблем ќе ви седнат на маса дури и ако забележат дека сте на романтичен состанок, а штом еднаш прозборите со нив, целиот одмор нема шанси да ги избегнете.

Гласни туристи

На секоја плажа и на секој базен има по една ваква личност. Таа зборува на цел глас, пушта музика на најсилно, прска со вода на сите страни и, генерално, им го нарушува мирот на скоро сите присутни.

Штедачи

Само затоа што се на одмор, не значи дека овие луѓе ќе си дозволат да потрошат денар повеќе. Па, максимално ги користат сите „бесплатни“ нешта. Одат на плажа со крпа од хотелот, земаат што е можно повеќе храна од шведската маса во хотелот, а неретко си прават и ручек од оваа храна.

Зависни од купување

Кога одиме некаде, сите сакаме да си купиме едно нешто што ќе нè потсетува на тоа патување. Но, некои луѓе не знаат за доста.

Купуваат сè и сешто, без разлика дали им е потребно, па за враќање дома им треба уште еден куфер. Кога, пак, летаат со авион, мораат да префрлаат работи од еден во друг куфер за да не доплаќаат за багаж.

Премногу опуштени

Овие луѓе мислат дека само затоа што се на одмор, можат слободно да шетаат низ град по костими за капење. Нив не им е јасно дека во градот има и други луѓе кои живеат таму, па воопшто не им е проблем да прошетаат по бикини или без маица.

Туристи кои „се тепаат“ за лежалка

Ова се луѓето кои одат на плажа со изгрејсонцето, само за да фатат лежалка. Најлошото е што обично не ја ни користат лежалката. Неретко, пак, сметаат дека штом си ја фатиле таа лежалка претходниот ден, и денес им припаѓа нив.

Доцначи

Со секоја туристичка група има барем една личност која постојано доцни и воопшто не ги зема предвид другите туристи. Пет минути пред да тргне автобусот, оваа личност го има целото време на светот – за кафе, сончање, јадење…

Безгрижни родители

Штом ќе тргнете на одмор со вашите деца, знаете дека мора да внимавате на нив во секој миг. Но некои родители си се безгрижни и како воопшто да не ги интересира тоа што нивните деца викаат на цел глас и им пречат на другите луѓе.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

42 Смешни фотографии посветени на луѓето кое седат чудно во јавноста

Трчало по возилото на итна помош сè до болница: Ова куче докажало што значи безусловна љубов