во

116 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА МАЈКА ТЕРЕЗА: Скопје со богата програма го одбележува роденденот на светската хуманитарна икона!

Денеска се навршуваат точно 116 години од раѓањето на хуманитарната икона и светица Мајка Тереза, родена како Гонџа Агнес Бојаџиу во Скопје на 26 август 1910 година. Во нејзина чест, во главниот град се организира серија свечени и културни настани.

Одбележувањето започнува со полагање цвеќе пред спомен-плочата на местото каде што се наоѓала нејзината родна куќа на поранешната улица „Поп Кочина“ бр. 14, на просторот на денешниот плоштад „Македонија“. Владината делегација ја предводи првиот вицепремиер и министер за европски прашања Беким Сали, кој ќе има и официјално обраќање пред медиумите.

Централна манифестација и присуство на високи гости

Супер Попуст -25%

Централната манифестација се одржува во Музејот на современата уметност под покровителство на министерот Сали, а на настанот свое присуство најави и премиерот на Косово, Албин Курти. Овогодишното одбележување има посебна тежина бидејќи се навршуваат точно 10 години од нејзината канонизација и прогласување за светица од страна на Католичката црква во 2016 година.

„Од денеска па сè до 5 септември, Скопје е домаќин на традиционалната манифестација „Денови на Света Мајка Тереза“, која опфаќа богата духовна, културна и хуманитарна програма.“

Животен пат посветен на најранливите

Родена како најмладо дете во семејството Бојаџиу, таа следниот ден по раѓањето била крстена во католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје. Подоцна го напуштила роднидот град и заминала во Индија, каде во 1950 година го основала редот „Мисионерки на милосрдието“ во Калкута. За својата несебична хуманитарна работа и борба за сиромашните, таа во 1979 година ја доби престижната Нобелова награда за мир, оставајќи вечно наследство за човештвото.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

СЕ ВРАЌАТ ЛИ МИСЛЕЊАТА ЗА ВРСКАТА? Карлеуша доби луксузна „Биркин“ чанта вредна 20.000 евра за својот 48-ми роденден!

НОВ ШОК ОД ВАШИНГТОН: Трамп привремено ги стопира термините за визи ширум светот!