во , , , ,

12 Факти кои можете да ги научите само од филмовите

Некои факти кои можете да ги научите од филмовите:

1. Кашлицата е знак за смртоносна болест.

Реклама

2. Детективот може да го реши случајот само ако е суспендиран од должност.

3. Мажот нема да покаже знаци на болка и при најголемите удари, но ќе се тресе додека жената пробува да ги исчисти неговите рани.

4. На полицајците им се доделуваат секогаш партнери што се потполно спротивни од нив.

5. Колку повеќе се мразат мажот и жената, толку поголема е веројатноста дека ќе се вљубат.

6. Системот за вентилација во која било зграда е совршено место за криење. Никому никогаш нема да му текне таму да ве побара и без проблем можете да доползите до
кој било дел од зградата.

7. Ако видите големо стакло, набрзо некој ќе биде фрлен низ него.

8. Ако одлучите да заиграте на улица, секој на кој ќе налетате ќе ги знае чекорите.

9. Никој не работи физичка работа, сите работат по канцеларии или сите се актери.

10. Кога се вози автомобил, нормално е да гледате, не на патот, туку во личноста која седи до вас за време на целото патување.

11. Ако куќата ви е опседната, жената секогаш треба во најскудната облека да го истражува секој звук.

12. Кога ќе се сретнете со зол меѓународен терорист, сарказмот и духовитоста се ваше најсилно оружје.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

22 Неверојатни примери на уметност од валкани автомобили

12 Работи по кои Јапонците се разликуваат од останатите народи