
Меѓународното право е граница меѓу поредокот и тиранијата
Пленковиќ во својот говор истакна дека Хрватска цврсто го поддржува мултилатерализмот заснован на правила, потсетувајќи на трагичното искуство на неговата земја од војната во 1990-тите, во која животот го загубија речиси 20.000 луѓе, а по 1.725 лица сè уште се трага.
„За малите и средните држави, меѓународното право не е апстракција. Тоа е границата меѓу поредокот и тиранијата, меѓу суверената еднаквост и владеењето на силата“, потенцираше хрватскиот премиер од говорницата.
Остри критики за Србија и погребот на Младиќ
-
Џаст До Ит!
699 ден
524.25 ден
Еден од највпечатливите делови од говорот беше посветен на случувањата во регионот, конкретно на пристапот кон воените злосторства извршени на територијата на поранешна Југославија. Пленковиќ директно го прозва Белград за неодамнешниот погреб на Ратко Младиќ, кој, според наводите, бил испратен со воена церемонија на која присуствувале српски официјални претставници.
„Воените и официјалните почести што му беа укажани на Младиќ во Србија претставуваа навреда за неговите жртви и за пресудите на меѓународните судови“, дециден беше Пленковиќ, додавајќи дека ваквото однесување е во целосна спротивност со вредностите на Европската Унија, кон која Србија стреми да се приклучи.
Поддршка за Украина и Блискиот Исток
Зборувајќи за глобалните кризи, Пленковиќ ја осуди руската инвазија врз Украина како директно кршење на меѓународните правила. „Мирот не може да го награди освојувањето, а закрепнувањето не може да се одвои од правдата“, истакна тој, најавувајќи континуирана поддршка за Киев. Во однос на Блискиот Исток, тој ја потврди поддршката на Хрватска за решение со две држави, како и за заштита на цивилите и непречен пристап до хуманитарна помош.
-
Јога шимпанзо
699 ден
524.25 ден -
Добро утро
699 ден
524.25 ден -
Кафе и пиво
699 ден
524.25 ден -
La Linea v8
699 ден
524.25 ден -
Хемија
699 ден
524.25 ден -
Насмевката на музиката
699 ден
524.25 ден








