во ,

12 Строги правила кои соседите на британското кралско семејство мора да ги почитуваат

Како треба да се однесувате ако сте им соседи на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон или пак на кралицата Елизабета? Што сѐ НЕ смеете да правите?

Британското кралско семејство има многу правила за функционирање кои важат за членовите во него, но интересно е што тоа има поставено правила и за соседите.

Реклама

Луѓето што живеат во близина на кралското семејство мора да почитуваат одредени правила:

Промени во изгледот на фасадата на куќите или реновирање смеат да се прават само со специјално одобрение од кралското семејство – не смее да се наруши хармонијата на соседството.

Секогаш се препорачуваат поправки на старите врати и прозорци, а не замена, но ако мора да се заменат, тогаш новите треба да бидат копија на старите.

За градба треба да се користат локални материјали, како одреден вид на камен на пример.

Прозорците на домовите треба да се транспарентни, дури и во тоалетите, но завеси се дозволени.

Куќите не смеат да имаат рамни покриви или дополнително светло.

Не се дозволени животни кои ги „иритираат“ другите жители на областа, плус на животните им е забранет пристап во некои специјално обезбедени области.

Забрането е да ги милувате и храните животните на членовите на кралското семејство.

Треба да се прават специјални куќички за пчели во ѕидовите од домовите за да се придонесе кон спасување на пчелите.

Мора да биде тишина, односно не смеете да се карате гласно и да трескате со врати, а децата смеат да си играат, но тивко за да не им пречат на другите.

Не смеете да започнувате дијалог со членовите на кралското семејство, тие треба да започнат први, ако сакаат.

Не смее да има реклами на надворешниот дел од куќите, смее да има само број на куќата.

Секој мора да паркира на своето строго обележано паркинг место, а за посетителите има специјални места, кои никој друг не смее да ги користи.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Како изгледа кога луѓето ќе исчезнат и природата ќе си ги земе своите права

Верверица ги изгубила своите младенчиња – а еве ја нејзината реакција кога повторно ги видела