во ,

12 познати филмови за кои веројатно не сте знаеле дека се направени според вистински настани

Филмовите направени според вистински настани немаат влијание само врз публиката, туку и врз актерите што глумат во нив. Тие навистина се обидуваат да го прикажат нивниот лик најреално што можат, па понекогаш овој лик може да стане и дел од нивниот живот. Во продолжение погледнете некои од најпознатите филмови, за кои сигурно не сте знаеле дека се направени според вистински приказни.

1. „Авијатичарот“ (The Aviator)

Овој филм го прикажува животот на Хауард Хјуз, пионер во авијацијата и режисер. Хауард станал успешен филмски продуцент во периодот од 1927-ма до 1947-ма година, но истовремено морал да се соочува со сериозни симптоми на опсесивно компулсивно нарушување. Во улогата на Хауард го гледаме Леонардо Дикаприо, кој навистина добро го доловил неговиот карактер. Филмот е адаптација на книгата „Тајниот живот“ (The Secret Life) од Чарлс Хигхем.

Реклама

2. „Кошмар на улицата на брестовите“ (А Nightmare on Elm Street)

Овој филм кој исплаши многумина не е само филм. Вес Крејвен, режисерот на филмот, ја добил идејата од вистинска приказна што ја прочитал во весник. Приказната била за 18 бегалци кои умреле под мистериозни околности, откако наводно имале кошмар.

3. „Лов на црвениот октомври“ (The Hunt for Red October)

Американскиот трилер со Шон Конери и Алек Болдвин во главните улоги е направен според истоимениот роман на Том Кленси од 1984-та година. Приказната од ерата на Студената војна е за советски капетан кој сака да им наштети на бродовите на САД и нивните офицери. Но, неговите планови се уништени кога еден американски агент од ЦИА мора да ѝ покаже докази на морнарицата на САД пред двете држави да започнат вистинска војна.

4. „Хотел Руанда“ (Hotel Rwanda)

Многумина го нарекуваат овој филм африканска верзија на „Шиндлеровата листа“. Филмот е направен според вистински настани кои се случиле Руанда во 1994-та година. Во филмот гледаме како хотелиерот Пол Русесабагина им ги спасува животите на илјадници бегалци, нудејќи им засолниште во хотел. Филмот прикажува како политиката си игра со животите на обичните луѓе и како геноцидот и насилството можат да предизвикаат трајна штета врз човештвото.

5. „Руди“ (Rudy)

RUDY, Sean Astin, Jon Favreau, 1993, ©TriStar Pictures/courtesy Everett Collection

Овој филм беше голем хит и навистина им го привлече вниманието на гледачите. Филмот е направен според животната приказна на Даниел „Руди“ Руетигер, кој бил физички и финансиски неспособен да биде дел од фудбалскиот тим во неговиот колеџ. Исто така, Руди бил дијагностициран и со дислексија. Но, неговата посветеност му помогнала да стане познат фудбалер.

6. „Падот на црниот јастреб“ (Black Hawk Down)

Во 1993-та година, војниците на САД имала задача да го фатат Мохамед Фарах Аидид. Настанот бил покриен од новинарот Марк Боуден, кој подоцна напишал и книга за тоа. Филмот од 2001-ва година е адаптација на оваа книга.

7. „Потрага по среќа“ (The Pursuit of Happiness)

Доколку мислите дека сите приказни за успех се само фикција, изгледајте го „Потрага по среќа“. Филмот раскажува за маж кој се обидува да помине тежок период, за на крај да го достигне врвот. Приказната е направена според животот на Крис Гарднер кој станал успешен бизнисмен.

8. „Убаво момче“ (Beautiful Boy)

Филмот од 2018-та година е направен според мемоарите „Убаво момче: Патувањето на таткото низ зависноста на неговиот син“ (Beautiful Boy: A Father’s Journey Through His Son’s Addiction) од Дејвид Шеф. Главната тема на филмот е како таткото се справува со зависноста од дрога на неговиот син.

9. „Совршена бура“ (Тhe Perfect Storm)

Можеби ќе ве изненади, но и овој филм е направен според вистинска приказна. Ова не е само филм за биолошка катастрофа што потекнува од нечија фантазија, туку е вистинската приказна за комерцијалниот рибарски брод кој бил изгубен сред море, после бура во 1991-ва година.

10. „Пекол на хоризонтот“ (Deepwater Horizon)

Ова е уште еден филм за биолошка катастрофа и ја раскажува несреќната приказна за експлозијата на платформата за нафта Deepwater Horizon. Несреќата се случила поради погрешна пресметка која резултирала со голема катастрофа. Во инцидентот загинале многу луѓе, а оние кои успеале да скокнат во водата биле спасени од спасувачки тим.

11. „Данкирк“ (Dunkirk)

Филмот од 2017-та година доби навистина добри критики. Во него се раскажува за евакуацијата од Данкирк за време на Втората светска воја, и тоа од 3 перспективи – копно, море и воздух. Филмот е висинско кинематографско чудо, а благодарение на музиката и сценографијата, напнатоста и возбудата постојано растат.

12. „Игра на имитација“ (The Imitation Game)

Во главната улога го гледаме Бенедикт Камбербач, кој го игра научникот Алан Тјуринг. Алан е познат за дешифрирањето на кодот енигма, со чија помош нацистите комуницирале за време на Втората светска војна. Во филмот гледаме како тој ги надминува математичките и социјалните проблеми, со цел да го дешифрира кодот.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

25 Неверојатни и чудни факти за бременоста

17 познати мажи кои докажале дека бричењето на брадата менува сѐ