во , ,

13 ретки природни феномени: Јата пеперутки, подводна шума

Од шарени реки до зелени плажи и езера што личат на џиновски огледала, природата е рај за очите.

Постојат фотографи авантуристи кои не можат да се наситат на убавината на светот.

Нивните фотографии се доказ дека природата на моменти личи на вистинска магија.

Реклама

Прекрасни сцени од природата:

Монарх пеперутките секоја година летаат на југ, а јатата од овие пеперутки се прекрасна глетка, може да има и илјадници пеперутки на едно дрво.

Во лето во езерото Spotted Lake водата испарува и се формираат кратери како резултат на таложењето на солта.

Редок природен феномен е кога ќе се создаде уникатна мешавина од солена вода, алги и седименти од морското дно.

Во внатрешноста на одамна оладен вулкан израснала тропска шума.

Облаци пред бура.

Исушеното солено езеро во Боливија во сезоната на дождови се претвора во огромно огледало.

На почетокот од летото почнува „танцот“ на светулките во Јапонија.

На хавајска плажа песокот станал зелен поради присуството на одреден минерал.

По ледена бура куќи во САД се прекриени со мраз дебел 30 сантиметри.

Водата што се стопила направила пролази во ледените пештери.

Столбови формирани по ладењето на лавата од вулканска ерупција.

Во лето реката Caño Cristales поради алгите е обоена во 5 бои и тоа жолто, зелено, сино, црно и црвено.

Подводна шума во езерото Kaindy.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

12 Трикови со кои ќе трошите помалку и конечно ќе заштедите некој денар

11 Илустрации во кои ќе се препознае секоја ниска девојка