во ,

14 Мудри мисли и цитати на еден од најзначајните руски писатели

Антон Чехов, прославен руски автор на кратки раскази и драми, бил роден во Таганрог на 29 јануари 1860 година и починал на 15 јули 1904 година. Освен што завршил медицина на Универзитетот во Москва и работел како лекар, Чехов се посветил на писателството уште од своите гимназијалски денови, објавувајќи текстови во различни весници.

Меѓу неговите најзначајни дела се издвојуваат: “Вујко Вања”, “Галеб” и “Три сестри”.

Реклама

Цитати на Чехов:

1. Доброто воспитување не е во тоа да не истурите сос на чаршафот, туку да не забележите доколку тоа го направи некој друг.

2. Колку е убаво да седиш дома кога дождот тропа на кровот и кога знаеш дека во тој дом нема здодевни луѓе.

3. Доколку не знаете што чувствувате кон човекот – затворете ги очите и замислете дека го нема. Никаде. Не постои и нема ни да постои. Тогаш ќе ви биде сѐ јасно.

4. Не можете да барате калта да не биде кал.

5. За да чувствувате среќа без прекин, дури и во моментите на тага мора: да бидете во состојба да бидете задоволни со сегашноста и да уживате знаејќи дека може да биде и полошо.

6. Сѐ знаат и разбираат само будалите и лажговците.

7. Стотина милји празните, монотони, изгорени степи не можат да предизвикаат толку длабока депресија како што тоа може да го направи тап човек којшто седи, зборува и не знае кога ќе си замине.

8. Циник е грчки збор, преведен на вашиот јазик: свиња, која сака цел свет да знае дека е свиња.

9. Добар човек се срами дури и пред куче.

10. Човекот е она во што верува.

11. Честа не може да се одземе, таа може само да се изгуби.

12. Вториот дел од животот кај паметен човек се состои од ослободување на лудоста и предрасудите и погрешните мислења кои ги стекнал во првиот дел од животот.

13. Кога нема вистински живот, човекот живее од фатаморгана.

14. И за илјада години човекот исто вака ќе воздивнува: Ах, тешко е да се живее. И исто вака ќе се плаши и нема да сака да умре.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Една жена поминува низ паркот. Одеднаш од зад грмушката…

Иновативна железничка рута, ќе поврзува седум величествени европски метрополи, ќе служи како патувачки хотел на шини