во , , ,

Иновативна железничка рута, ќе поврзува седум величествени европски метрополи, ќе служи како патувачки хотел на шини

Патувањето со воз станува сè попопуларно како тренд во Европа и пошироко, со забележлив пораст на атрактивните железнички рути во последно време. Всушност, сè повеќе патници се определуваат за спокојно и удобно возење во споредба со стресниот и хаотичен лет со авион.

Популарноста на возовите во споредба со авионите вклучува строгите и монотоните безбедносни прегледи на аеродромите, како и ограничувањата за багажот. Ноќните возови, кои овозможуваат патниците да спијат за време на патувањето, се особено атрактивни бидејќи помагаат во заштедата на средства за сместување. Новата железничка рута, наречена „Good Night Train“, која започнува со работа крајот на март, ќе нуди патување низ седум маѓични европски градови, поврзувајќи ги Брисел и Прага со уште пет убави дестинации.

Реклама

Ноќно возење низ Белгија, Холандија, Германија и Чешка

Новата рута минува низ 4 земји, тоа се Белгија, Холандија, Германија и Чешка. Патниците можат да ја искористат за ноќно патување од Брисел до Прага, или можат да се симнат некаде долж рутата и да истражат некои од градовите низ кои поминува. Значи, тргнува од главниот град на Белгија, поминува низ белгискиот Антверпен, потоа пристигнува во Ротердам, па и во Амстердам во Холандија.

Патувањето продолжува кон Германија, каде застанува во Дрезден и Берлин. Од германската престолнина возот оди директно до главниот град на Чешка, каде што го завршува своето патување. Линијата започнува со работа на 25-ти март, а со неа управува белгиско-холандската компанија „European Sleeper“.

Возот од крајот на март ќе сообраќа 3 пати неделно

Како што пишува „Euronews“, „возот за добра ноќ“ всушност ќе биде хотел на шини, кој ќе нуди различни нивоа на удобност за низа различни цени. Ќе сообраќа секој понеделник, среда и петок. Возот ќе тргнува од Брисел во 19:22 часот, а во Прага ќе пристигнува во 10:56 следниот ден. На враќање, возовите ќе тргнуваат од Прага во 18:14 часот и ќе пристигнуваат во Брисел во 09:27 следното утро. Повратната линија ќе сообраќа секоја недела, вторник и четврток.

Заспивањето во главниот град на Белгија и будењето во 900 километри оддалечената Прага ќе биде атрактивна опција за многу љубители на возови. Но, се очекува да ја користат и оние кои сакаат да посетат некој од градовите на рутата.

Билет во еден правец по цена од 58 до 177 евра

„Euronews“ пишува дека основните седишта се продаваат по цена од 58 евра во еден правец. Тие се препорачуваат за пократки релации, но не и за подолги патувања. Друга опција се „кужет“ кабините со седишта кои се претвораат во кревети за 4 или 6 лица. За нив билет во еден правец чини 78 евра.

Најудобни, но и најскапи се кабините за спиење. Секоја кабина има најмногу 3 кревети, наменети за помали групи или семејства. Цената за оваа опција е 177 евра за еден правец, но вклучува и дополнителни поволности. Тоа се одвоен простор за седење, појадок и услуга за будење. Добро е да се знае дека во сите три варијанти има и делови наменети само за жени, погодни за оние кои патуваат сами.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

14 Мудри мисли и цитати на еден од најзначајните руски писатели

За време на фудбалска утакмица тренерот го тргнува на страна еден од помладите играчи…