во , ,

14 Фотографии ја прикажуваат предновогодишната атмосфера во време на корона низ земјите во светот

Во Македонија знаеме да потфрлиме на моменти, но во светот Дедо Мразовците се во пластични меури, новогодишните инсталации се направени за да се минува со автомобили…

И додека во Македонија на моменти знае да нѐ понесе предновогодишната атмосфера, па да подзаборавиме на короната, во светот будно се внимава на тоа во секој миг.

Клучна е безбедноста на сите и во повеќето земји нема седење во скутот на Дедо Мраз без маски, ниту групни собири на кои не се почитуваат препораките. Сепак, и кај нас многу работи се променија во секојдневието на луѓето.

Реклама

Каква е предновогодишната атмосфера во време на корона низ светот:

Дечиња разговараат со другарчињата преку ZOOM во Англија.

Дедо Мраз во пластичен меур во трговски центар во Бразилија, Бразил.

Дедо Мраз во специјална кабина во Рио де Жанеиро, Бразил.

Нема седење во скут кај Дедо Мраз годинава во Данска.

Поздравувањето со Дедо Мраз изгледа вака во Бразилија:

Има и виртуелна верзија на Дедо Мраз во Рио де Жанеиро.

Дедо Мраз што нурка во аквариум во Токио.

Новогодишни инсталации низ кои се минува со автомобили за да нема гужва во Рио де Жанеиро.

Новогодишни инсталации за со автомобил и во Мексико.

Гаража во која можете да се паркирате и да уживате во атмосферата во Сиетл, Вашингтон.

Изведби на отворено за да уживате преку прозорец во Париз, Франција.

Можност за вечера во пластичен новогодишно украсен меур во Москва, Русија.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

20 Урнебесни споредби: „Моите родители во нивните 20-ти vs. јас во моите 20-ти“

20 Златни ретривери, спасени од пазарот на месо во Кина, се вдомени во семејства во САД