во ,

14 Популарни фотографии од историјата коишто всушност се лажни

Познатата алатка Фотошоп прв пат се појавила во 1990-та година и оттогаш е навистина тешко да одредите дали некоја фотографија е лажна или не. Многумина мислат дека фотографиите направени пред 1990-та година се реални, но ова не е точно. Погледнете некои од најпознатите стари фотографии кои успеале да ги измамат сите.

1. Шумски самовили


Оваа фотографија е направена од двајца братучеди, Френсис Грифит и Елси Рајт. Фотографијата го натерала и познатиот Артур Конан Дојл да поверува дека самовилите се вистински. Таа била направена во 1917-та година. Вистината била откриена дури во 1983-та година кога девојките признале дека е лажна. Тие користеле фотографии од девојки што танцуваат, им ставиле крилја и ги закачиле „самовилите“ на фотографиите.

2. Храбриот генерал

Реклама

Оваа фотографија од американскиот генерал Улисес С. Грант добила голема историска важност. Генералот е прикажан пред неговата војска на коњ со херојски поглед за време на Американската граѓанска војна. Но многу години подоцна се открило дека фотографијата е направена од 3 разни фотографии. Никој не знае како и зошто е направена оваа лажна фотографија.

3. Бегање од нуклеарно тестирање

На оваа фотографија изгледа како Алберт Ајнштајн да го напушта местото за нуклеарно тестирање со неговиот велосипед. Неговата насмевка ја прави фотографијата уште посмешна. Се разбира, таа е лажна и е направена од 2 различни фотографии. Како и да е, резултатот е фантастичен и многумина верувале дека фотографијата е вистинска.

4. Кенеди и Монро

Изгледа дека Џон Ф. Кенеди и Мерлин Монро си поминале одлично, но оваа фотографија е лажна. Фотографијата е направена од Алисон Џексон која е позната по лажните фотографии. Во нејзината колекција можат да се најдат многу провокативни лажни фотографии од познати луѓе.

5. Градежници на облакодер


Можеби една од најпознатите фотографии од 20-тиот век е лажна. Работниците навистина седат, но фотографијата не е направена на облакодер. Архивистите почнале да се сомневаат за автентичноста на фотографијата откако не можеле да го одредат датумот кога била направена, ниту пак успеале да го идентификуваат фотографот.

6. Човекот кој левитира

Колин Еванс бил спиритуалист за кој многумина верувале дека може да лета. Колин организирал спиритуални сеанси каде што бил опкружен од фанови во темна просторија. Во еден момент се појавувал зрак светлина и тој левитирал. Долго време луѓето верувале дека левитирањето е реално сè додека не биле забележани јажиња на сите вакви фотографии.

7. Божиќно примирје

Кога оваа фотографија се појави на Интернет речиси сите веруваа дека станува збор за фудбалски меч за време на Втората светска војна помеѓу германските и британските војници. Фотографијата била наречена „Божиќно примирје“. Но, на фотографијата нема Германци и е направена во Грција каде што британските војници играле фудбал.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

10 Фотографии кои покажуваат како живеат богатите деца во Австралија

Луѓе кои за влакно ја избегнале смртта: Лудо претрчување преку улица