во ,

14 нешта што никогаш не би требало да ги порачувате во ресторан

Нема ништо подобро од крем супа, особено во есен или во зима. Но овие супи имаат премногу калории. Доколку мислите дека супа и салата е одличен нискокалоричен оброк, добро размислете каква супа ќе порачате, или каков прелив ќе ставите на салатата.

8. Евтин оброк

Евтините понуди, особено во рестораните за брза храна, можат да ви заштедат некој денар. Но не заборавајте дека со голем хамбургер и голема порција помфрит ќе внесете и повеќе калории. Големата порција помфрит има 531 калорија, а големата чаша газиран пијалак има 350.

Реклама

9. Зелени смудиња

Како и повеќето луѓе, веројатно и вие верувате дека смудито е здрав оброк. Доколку тоа е направено од овошје и зеленчук, најверојатно е здраво. Но доколку има многу масти и шеќер, тоа значи дека консумирате калории колку цел оброк. Доколку не можете да одредите што има во купечкото смуди, најдобро е да го направите дома.

10. Чипс и салса

Чипсот и салса сосот се одлична ужина, но доколку сте умерени. Проблемот во рестораните е што не знаете колку долго овие намирници стоеле во магацинот. Сè што не е правилно складирано, е совршено место за бактерии. Па пред да ја порачате оваа комбинација, сосема во ред е да замолите да добиете свежа порција.

11. Полупечена плескавица

Сите ги сакаат плескавиците приготвени на различен начин. Но доколку сакате малку поживо месо, во ресторан може да не го испечат доволно. Сировото месо може да биде полно со бактерии, па поради ова полупечените плескавици се сметаат за навистина опасна храна во летните денови.

12. Препечен бифтек

Наводно, едно од најлошите нешта што можете да ги порачате во ресторан е препечено месо. Причината е што во овој случај готвачите обично го одбираат најстарото парче месо, бидејќи можат да гo прикријат неговиот изглед со печењето.

13. Оброци со пилешко

Доколку сакате да заштедите, немојте да порачувате оброк со пилешко. Според самите готвачи, пилешкото има превисока цена во рестораните.

14. Пакување на остатокот од оброкот

Идејата да си го земете недојадениот оброк од ресторан звучи одлично. Но доколку не планирате да одите веднаш дома после ресторанот, не правете го ова. Зготвената храна не треба да биде на собна температура подолго од два часа. После тоа ќе имате само кеса полна со бактерии.


Супер Акција: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

20 двојници на славните личности кои сите би ги помешале со вистинските ѕвезди

8 скриени психолошки проблеми што нередот во домот ги открива за вас