во , ,

15 Уникатни тетоважи кои се комбинација од „Каде сакам да бидам и каде всушност сум“

Васиф Даниел Кахраман, некогаш графички дизајнер и уметнички директор, денес работи како тату уметник во Истанбул.

Во детството, со помош на неговата тетка која го запознала со цртањето, открил дека насилството и запоставувањето со кои се среќавал дома може да ги трансформира во различни реалности.

Неговото уметничко патување кое започнало како прецртување цртани ликови подоцна напредувало во создавање на свои оригинални приказни и ликови.

Реклама

По прераната смрт на неговата сакана тетка, тој го напуштил семејниот дом кога имал само 16 години и почнал да работи во Penguen, еден од најдобрите хумористични списанија во Турција. Неговата кариера во ова уметничко поле продолжила повеќе од 10 години работејќи за ценети стрип списанија како Ломбак, Кемик и Ујкусуз.

Таму собрал драгоцено искуство и со помош на своите колеги уметници развил уникатен стил.

Повеќе инфо: Instagram


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

17 Луѓе кои ризикуваа и драстично го променија својот изглед

15 Фотографии од касните 90-ти и раните 2000-ти години кои го доловуваат духот на таа ера