во , ,

15 Факти за земјите низ светот кои звучат неверојатно: Во некои азиски држави, како јужна Кореја, жителите носат заштитни маски уште пред пандемијата…

Јавниот превоз во Луксембург е бесплатен за сите, улиците во Костарика немаат ни име ни број, во Колумбија пијат топло чоколадо со сирење, а жителите на некои азиски држави носат заштитни маски долго пред пандемијата – факти за земјите низ светот кои нас ни се за неверување, а таму се нормални.

Навистина е неверојатно колку различни култури, обичаи и начини на живеење постојат ширум светот. А, она што е сосема нормално во една држава, нам може да ни изгледа како најлудото нешто. Се разбира, важи и обратното.

Погледнете неколку забавни факти за државите ширум светот кои одлично го прикажуваат ова:

Од март минатата година, јавниот превоз во Луксембург е бесплатен за сите.

Знамето на Непал има невообичаена форма.

Во Јапонија се користат кади направени од дрво.

Полицијата во Италија има Lamborghini автомобил.

Во Колумбија доста популарен пијалак е топло чоколадо направено со сирење, кое наводно имало многу добар вкус.

Местото со најдолгото име во светот се наоѓа во Нов Зеланд. Ако сакате да пробате да го прочитате, можете да го погледнете на фотографијата во продолжение:

Во Велика Британија се одржува трка позната како Cooper’s Hill Cheese-Rolling, каде што натпреварувачите бркаат пита кашкавал по рид. Победник е оној којшто ќе го фати прв.

Со цел да се заштеди на простор, скалилата во скоро секоја градба во Холандија се многу стрмни и тесни.

Во некои азиски држави, како јужна Кореја, жителите носат заштитни маски уште пред пандемијата, за да не заразат некој друг во случај да имаат настинка или слично.

Во повеќето италијански ресторани не треба да оставите бакшиш, но дополнително ќе ви наплатат за услугата.

Во Тајланд секоја година се одржува голема борба со пиштоли на вода. Борбата е еден вид ритуал за прочистување, по повод празникот Songkran.

Уште еден забавен факт за Тајланд – секојпат кога влегуваат во зграда, куќа или каква било градба, луѓето си ги облекуваат чевлите.

Скоро сите улици во Костарика немаат ниту име, ниту број. Ако, пак, некоја улица има име, обично не постои никаков знак што го покажува тоа, па сите се ориентираат според знаменитостите.

Во Словачка постои навистина необична божиќна традиција – пред божиќната вечер, луѓето чуваат сом во нивните кади, кој потоа го јадат.

Во Јужна Кореја луѓето не ги пишуваат имињата со црвено пенкало, бидејќи го сметаат тоа за лош знак. Постојат неколку теории за потеклото на ова верување, од кои најверодостојно е поврзувањето на црвената боја со смртта и, нормално, бојата на крвта.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Неверојатни сцени од замрзнатиот град на духови: Некогаш беше полн со живот, а денеска изгледа како од хорор филмовите…

10 Дизајни на кои со задоволство би го дале последниот денар