Дали поседувате тесен пар фармерки за кога ќе ослабите? А скинати хулахопки кои нема да се гледаат под панталоните? Веројатно имате и џиновски плакар, но и покрај тоа, немате што да облечете.
Не сте сами… Речиси секоја жена ги поседува нештата кои артистката Алена Софронова ги прикажува во своите илустрации.
-
Дарт Вејдер
699 ден
524.25 ден
Тесни фармерки за „кога ќе ослабам“.

Огромен плакар, но и покрај тоа „нема што да облече“.

Поглед кој може да убие.

Скинати хулахопки, бидејќи дупчињата секако не се гледаат под панталони и долги здолништа.

Илјада кутии со најразлични кремови кои никогаш не ги користи.

Скриено чоколадо.

Огромна и стара, но бескрајно комфорна блуза.

Фустан како за на излог: Неверојатно скап и убав, кој стои во плакарот зашто не знае кога и за каде да го облече.



