во , ,

20 Неуспешни обиди за совршена фотографија кои ќе ве насмеат до солзи

Сите им се восхитуваме на фотографиите од дивиот свет направени од професионалци, но некогаш забораваме колку е всушност тешка оваа работа.

Животните не се модели и не можете да ги натерате да ви позираат, па фотографите треба да се потрудат многу за да го добијат посакуваниот резултат. Неретко, тие чекаат со часови и прават стотици фотографии додека да ја направат фотографијата што ја замислиле.

Ова најдобро го покажуваат неуспешните обиди на фотографите аматери, кои допрва треба да ги усовршат вештините за фотографирање диви животни. Бидејќи неретко нивните фотографии се смешни, на Фејсбук постои цела група само за нив.

Реклама

Групата C**p Wildlife Photography има речиси половина милион членови, на која секојдневно се споделуваат вакви фотографии. Уште поинтересно е што корисниците споделуваат нивни фотографии и се шегуваат на своја сметка.

Во продолжение можете да погледнете дел од најсмешните:

„Не сум виновен јас, птицата беше многу брза“

„Пред неколку години ја фотографирав оваа мрзлива птица“

„Мојата фотографија од биолуминисцентните црви во пештера во Нов Зеланд што заслужува награда“

„Зарем ми покажува среден прст?!“

„Овој прекрасен був стоеше на покривот на куќа во моето соседство. Истрчав да го фотографирам и еве го резултатот“

„Го фатив како ја краде храната за птици“

„Очигледно треба да ги усовршам вештините за фотографирање птици“

„Погледнете ја најдобрата фотка од риба што ја имам направено“

„Сакав да ги фотографирам додека се капат, но ми се чини дека фотографирав обид за убиство“

„Погледнете колку добро е направена оградата“

„Сакав да ја фотографирам птицата, но гулабот што се проѕева го украде целото внимание“

„Денес видов снежен був. Може да се каже дека добро се камуфлирал“

„Жаба“

„Оваа фотографија ме натера да почнам да држам часови. Слободно пријавете се и испратете ми депозит од 500 долари“

„Не ми се верува што фотографирав“

„Австралија не е страшна само поради пајаците, змиите и крокодилите. Овде имаме и скорпии“

„Што ќе кажете за ова?“

„Ова е мојата најдобра фотографија“

„Птицата ми ја уништи фотографијата со гранки“

„Може некој да ми каже каква птица е ова?“


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Мечето Ушко, ненадминат херој од детството: Родителите го обожавале затоа што си легнувал во соодветно време…

22-годишна девојка од Австралија се нарекува Рапунзел – има коса долга еден метар