во , ,

25 Неверојатни и инспиративни цитати од Никола Тесла

Ако некогаш постоел човек што можел да ја смени реалноста, тоа дефинитивно бил Тесла. Бил нарекуван фантазер и неговите идеи биле исмејувани, но времето го средило ова.

Самиот тој изјавил дека техничките решенија сами му доаѓаат, а многумина го сметаат за еден од најгенијалните луѓе на сите времиња. Неговата работа го овозможи развојот на модерната електротехника, а неговите пронајдоци биле цел век пред нивното време. Во продолжение прочитајте некои од неговите најдобри цитати.

„Делувањето дури и на малите битија води до промени во целиот универзум.“

„Мојот мозок е само приемник. Во вселената постои езеро од коешто црпиме знаење, сила, инспирација. Не сум ги открил тајните на ова езеро, но знам дека постои.“

„Не ми се потребни модели, цртежи, експерименти. Кога ми се раѓаат идеи, почнувам да го градам уредот во фантазијата, ја менувам конструкцијата, го подобрувам и го вклучувам. Целосно ми е неважно дали ги спроведувам истражувањата во мислите или во лабораторија – резултатите се исти.“

„Позната ли ви е изреката ‘Не можете да скокнете повисоко од вашата глава’? Ова е заблуда. Човекот може да направи сè.“

„Големата мистерија на нашето постоење треба допрва да се открие, може да се претпостави дека дури и смртта не е крај.“

„Најголемата цел на човечкиот развој е целосна доминација на свеста над материјалниот свет, употреба на силата на природата за задоволување на човечките потреби.“

„Животот е, и секогаш ќе биде равенка која не се решава, иако содржи неколку познати фактори.“

„Современите научници размислуваат длабоко наместо да размислуваат јасно. За да размислувате јасно, мора да имате здрав разум, а за длабоко размислување можете да бидете и целосно луди.“

„Ова е проблем за многу пронаоѓачи – им недостига трпение. Им недостига силата на волјата да направат нешто во својот ум полека, прецизно и јасно, така што точно ќе почувствуваат како ќе функционира тоа. Сакаат веднаш да ја испитаат првата идеја што ќе им дојде и како резултат на тоа, трошат многу пари и многу добри материјали, за само емпириски да утврдат дека работат во погрешен правец. Сите правиме грешки и подобро да ги направиме пред да почнеме да работиме нешто.“

„Нашиот свет е потопен во огромен океан со енергија, ние летаме во бесконечниот простор со незамислива брзина. Сè се врти наоколу, сè се движи – сè е енергија. Ние имаме тешка задача – да најдеме начин да ја извлечеме таа енергија. Тогаш, ќе ја извлекуваме од тој неисцрпен извор и човештвото ќе тргне напред со џиновски чекори.“

„Ширењето на цивилизацијата може да се спореди со огнот – прво е слаба искра, потоа треперлив пламен, а на крај силен пламен надарен со брзина и сила.“

„Колку луѓе ме викаа фантазер, се смееја на моите идеи, нашиот заблуден кратковид свет. Ќе ни суди времето.“

„Секој треба да го смета своето тело како непроценлив дар од сите оние кои најмногу ги сака. Неописливата убавина, тајната која лежи во замислата на човечкото постоење толку е суптилна, што зборувањето, дишењето, погледот, па дури и мислите можат да повредат. Неуредноста која ги размножува болеста и смртта не е само уништувачка, туку и неверојатно неморална навика.“

„Си го пресеков прстот и тој крвари – тој прст е дел од мене. Ја гледам болката на пријателот и таа болка и мене ме боли – ние сме едно со пријателот. Гледајќи го повредениот непријател, дури и оној за кој би жалел најмалку, сепак чувствувам тага. Зарем тоа не докажува дека сите сме само честичка од една целина?“

„Во постојаната самотија, умот станува поостар. За да се мисли и пронаоѓа не е потребна голема лабораторија. Идеите се раѓаат во услови на отсуство на надворешните влијанија врз умот. Тајната на пронаоѓањето е во самотијата. Во самотијата се раѓаат идеите.“

„Не постои ништо што би можело да го привлече човечкото внимание и што заслужува да биде предмет на проучување повеќе од природата. Да го разбере нејзиниот огромен организам, да ги открие нејзините сили и да ги знае законите кои управуваат со неа е најголемата цел на човечкиот разум.“

„Не е големо зло ако погреши студентот. Но ако погрешат големите умови, светот скапо ќе ги плати нивните грешки.“

„Кога сум соочен со некоја исцрпувачка задача, работам на неа и ѝ се враќам одново и одново додека не ја завршам. Така практикував ден за ден, од утро до вечер. На почетокот тоа бара силен ментален напор насочен против склоности и желби, но како што минуваа годините, ова спротивставување слабееше и на крај мојата волја и желба станаа едно исто. Такви се и денес и тоа е тајната за сите мои успеси.“

„Интуицијата е нешто што е пред точното знаење. Нашиот мозок поседува, без сомнение, многу чувствителни нервни клетки го ни овозможуваат да ја почувствуваме вистината, дури и кога уште е недостапна со логични заклучоци или други ментални напори.“

„Не правам цртежи, не правам макети. Во главата креирам цртеж, по него мисловно го создавам уредот, го тестирам и го пуштам да работи. Во 20 години работа, резултатите на мисловните испитувања и испитувањата во лабораторија секогаш давале исти резултати.“

„Ова е парадоксално, но е вистина, кога викаат дека колку повеќе знаеме, толку повеќе не знаеме во апсолутна смисла, бидејќи преку ова просветлување стануваме свесни за своите ограничувања.“

„Кога природната желба ќе се развие во копнеж, приближувањето кон целта е со огромни чекори.“

„Нашите мани и нашите доблести не се одвоени, како сила и материја. Ако се раздвојат, човекот повеќе не постои.“

„Ниту едно општество не може да постои и да се развива без строга дисциплина.“

„Мозокот не води постојани записи, не собира знаење. Знаењето е нешто слично на ехото кое ја нарушува тишината за да оживее.“


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Поштарот не беше баш нешто расположен сабајлево

Гасење на суво…