во ,

27 Инспиративни личности кои со упорност драстично си го трансформирале телото

Ако не сте задоволни со изгледот, инспирирајте се од овие личности и направете ги првите чекори кон ваша лична трансформација.

Мотивирани и упорни корисници на Reddit споделуваат фотографии пред и по нивното фитнес патување. Некои од нив успеале да избегаат од канџите на анорексијата, други успешно победуваат во битката со вишокот килограми, трети се справиле со лоши пороци, а четврти едноставно создале здрав однос кон храната и физичката активност.

Погледнете ги фотографиите „пред и потоа“ и прочитајте дел од нивните приказни.

Реклама

Пред три години и сега

Пред три години одлучив да ја преземам контролата врз мојот живот и да направам драстични промени. Изминатата недела го истрчав мојот петти полумаратон и конечно имам фотографија на која чувствувам дека навистина изгледам како спортистка.

45 килограми vs. 68 килограми (Анорексија и моето опоравување)

197 килограми vs. 160 килограми (7-месечен напредок)

Порано јадев купечка храна и избегнував физичка активност. Сега јадам така само еднаш месечно и започнав да практикувам јога. Знам дека сè уште имам долг пат пред мене, но сакав да споделам колку далеку стигнав досега.

Опоравување од анорексијата

Повторно се запознав себеси и научив да се ценам себеси за нешта што не се мојата тежина.

274 килограми vs. 170 килограми

Сè уште сум сметан за морбидно дебел, но досега имам одличен напредок.

Истата столица, 3 години подоцна

Фокусиран сум на исхрана богата со протеини и редуцирани јаглехидрати која во основа има калориски дефицит. Се надевам дека наскоро ќе имам операција за отстранување на вишокот кожа. Во моментов имам 12,2% масти на телото.

19 мај-20 септември

Со години ги прелистував ваквите објави и плачев. Сè додека не одлучив дека и јас ќе имам мои фотографии тука. Блесни бејби!

Конечно под 140 килограми

Намалени 210 килограми.

127 килограми vs. 82 килограми

Продавач си ја порасна брадата и стана модел на GQ.

11-месечна трансформација

Рехабилитиран алкохоличар. Неодамна навршив 11 месеци трезност. Јас сум нов човек.

111 килограми vs. 72 килограми

„Се опоравив од 8-годишна битка со анорексијата и сум посреќна и поздрава отколку што сум била некогаш.“

Од април 2017 до декември 2018 година

Намалени 160 килограми за 9 години

За неколку дена ќе наполнам 50 години и заљубена сум во оваа ЈАС, во која што се претворив.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Емотивна празнична реклама за дедо со фитнес мисија ќе ви ги насолзи очите

30 Празнични идеи како да ја декорирате влезната врата