во ,

3 Арапски изреки за она што никогаш не треба да го споделувате со останатите: Овие работи не ги кажувајте на другите луѓе

Иако многу подробности од нашите животи неретко ги споделуваме со луѓето околу нас, тоа не е секогаш најдобрата опција.

За тоа зошто не би требало да се жалиме на другите, да им ги откриваме нашите тајни, или, пак, да зборуваме за себеси без почит, ни откриваат арапските мудри изреки за животот.

„Ако нешто те боли – молчи!“

Постои една стара приказна за старец по име Ецио. Старецот Ецио останал сам на фармата откако неговиот син се приклучил на војската. Еден ден му пришол соседот и го прашал:

Реклама

„Како си Ецио?“

„Ме боли грбот …“, му се пожалил Ецио на соседот.

Набрзо во целото соседство се прочуло дека старецот Ецио го боли грбот и дека не може сам да се грижи за имотот и за животните.

Наскоро почнале да му пристигнуваат понуди од соседите да му го откупат имотот за малку пари. Кога им кажал дека тоа е премалку за таков имот, тие му кажале:

„Подобро некакви пари отколку никакви. Те боли грбот, стар си и немоќен, продај го имотот.“

Никој не се понудил да му помогне, сите само сакале да извлечат корист од него. Старецот продолжил да молчи и да работи, а кога син му се вратил од војска, старецот Ецио му го предал имотот со зборовите: „Ако те здоболи нешто, молчи.“

„Не му го кажувај на пријателот она што не би му го кажал на непријателот“

Во секој човек има светлина и темнина, никогаш не можете да бидете сосема сигурни дали кај вашиот пријател нема да се разбуди еден ден и што е тоа што ќе ја разбуди. Подобро не му го кажувајте на пријателот она што не можете да му го кажете ни на непријателот. Ако му кажете нешто на вашиот пријател, а тој ја злоупотреби вашата тајна, ќе им бидете лути на двајца луѓе: себеси и на вашиот пријател. Најголемите тајни треба да ни останат познати само нам.

„Никогаш не зборувајте лошо за себе“

Секој што се омаловажува себеси им дава дозвола на другите и тие да го омаловажуваат. Ако човекот се однесува достоинствено и другите ќе се однесуваат со почит кон таа личност.

Во приказната за старецот Окам најдобро е прикажано како недостатокот на самопочит не води кон ништо добро.

Старецот Окам живеел 10 години во пустина. Секој ден напорно работел и се трудел да најде вода, а кога му успеало тоа, сите од селото дошле да му честитаат, додека тој велел: „Ништо не е тоа.“

Набрзо сите почнале да се однесуваат кон неговото пронаоѓање вода како да не е тоа ништо. Наместо да пијат вода, тие миеле нозе во тој извор. Набрзо водата станала загадена и нечиста бара.

Старецот многу се разочарал, но луѓето се однесувале кон неговиот труд токму онака како што тој самиот кажал – како да не е тоа ништо.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

11 Искрени илустрации за маките кои им се добро познати на сите девојки и жени

10 Илустрации кои докажуваат дека мачките и кучињата се од различни планети