во ,

30 реченици кои му го промениле животот на подобро, откако му ги кажал психијатарот

Жалосно е што кога ќе се спомене психијатар, луѓето сè уште гледаат со резерва и чудење.

Сепак, за среќа има луѓе на кои сопственото психичко здравје им е поважно од мислењето на околината, па сосема искрено го споделуваат своето искуство од посетата на психијатар.

Еден човек ги споделува 30-те реченици кои му го промениле животот на подобро, откако му ги кажал психијатарот:


1. Во ред е да ги разочараш твоите родители. Не е во ред да се разочараш себеси.

2. Не верувај во она што ќе го прочиташ во книгите за себе-помош. Тие се насоки, а не мапа до твојата среќа. Мапата е нешто што мораш сам да го осмислиш.

3. Ако сакаш да плачеш додека возиш накај работа, тогаш плачи.

4. Ти оди многу подобро отколку што мислиш.

5. Се грижиш толку многу за тоа што другите мислат, но што мислиш ти за нив? Дали воопшто ти се допаѓаат?

6. Нема одеднаш да си го засакаш телото ако ослабеш.

7. Некои луѓе не знаат што е љубов и не е твоја обврска да ги научиш.

8. Сите правиме лоши работи – работата е што ќе научиме од овие лошо постапки. Каењето не е од корист. Извинувањето не значи дека сте ја научиле лекцијата.

9. Не можеш да сакаш друг без да се сакаш себеси.

10. Кога користиш супстанца за да ја пополниш празнината – тоа е веќе проблем.

11. Понекогаш мора да го игнорираме мозокот и да го слушаме телото.

12. Не мора да завршиш како твоите родители.

13. Сите имаме силни страни. Ти си писател, не се споредувај со сликар. А, кога ќе се споредиш со друг писател, најди инспирација – не критика.

14. Ако дозволиш луѓето да те газат, правиш лоша услуга и на нив и на себе.

15. Твојата љубезност ќе те однесе многу подалеку отколку твојата лутина.

16. Пишувај секој ден и неколку години од сега, прочитај го она што си го напишал за да сфатиш колку духовно си пораснал.

17. Не можеш да присилиш некого да чувствува нешто за тебе. Заслужуваш некој кој има одредени емоции кон тебе, без да мора да се трудиш.

18. Ќе има денови кога едноставно нема да можеш да станеш од кревет и најпаметно ќе биде да останеш таму.

19. Колку повеќе се фокусираш на негативното, толку повеќе негативни работи ќе ти се случуваат.

20. Слушањето музика е еден вид на медитација.

21. Во ред е да се затвориш во својот простор, сè додека продолжуваш да се движиш.

22. Дозволи им на луѓето да бидат мизерни. Не е твое да им го менуваш расположението. Само погрижи се тие да не влијаат на твоето.

23. Понекогаш станувањето од кревет и влегувањето под туш ќе биде најголемиот успех во денот. И не смее да не го прославите.

24. Недостатоците ве прават она што сте. Совршените луѓе се здодевни.

25. Слушај ме кога ти кажувам дека реалноста може да ти биде подеднакво интересна како и сценаријата во твојата глава. Само треба да вложиш малку напор.

26. Ќе има периоди кога работата ќе ти биде здодевна. Кога љубовната врска ќе ти биде здодевна. Тоа не значи дека веднаш треба да најдеш нова работа или нова љубов. Треба многу поголема храброст за да направиш здодевните работи повторно да добијат интересна смисла.

27. Не сум тука за да те спасам. Тука сум за да ти помогнам да се спасиш себеси.

28. Има луѓе кои навистина се грижат дали си до нив или не.

29. Другите луѓе не ти се конкуренција. Тие се сојузници.

30. Кога еднаш ќе се прифатиш онаков каков што си, туѓите мислења нема да бидат важни.

Извор: thoughtcatalog.com


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

10 Одлични комедии од 2019 кои не смеете да ги пропуштите

Кафулињата во Италија почнаа да користат тестенини наместо пластични цевки