
Најмалку 47 лица побарале медицинска помош по масовните антивладини протести во Тирана, соопшти албанското Министерство за здравство и социјална заштита. Според последниот официјален биланс, објавен за состојбата до 21 часот, петмина од повредените биле задржани на понатамошно лекување во Универзитетската трауматолошка болница.
Меѓу повредените има полицајци, новинари и пратеник
Во Универзитетската трауматолошка болница медицинска помош побарале вкупно 36 лица: 12 полицајци, 14 демонстранти, шест новинари и четворица минувачи. Од нив, еден полицаец, тројца демонстранти и еден новинар биле задржани на болничко лекување, додека останатите биле пуштени дома по укажаната медицинска помош и со препорака од лекарите.
Во Универзитетскиот болнички центар „Мајка Тереза“ биле примени уште 11 повредени лица: осум полицајци, еден демонстрант, еден припадник на обезбедувањето и еден пратеник, при што сите биле пуштени по укажаната медицинска интервенција.
Судири со полицијата и употреба на солзавец и водени топови
Протестот во Тирана, организиран на Денот на независноста на Албанија, започнал мирно, но подоцна ескалирал во жестоки судири со полицијата. Дел од демонстрантите фрлале камења и молотови коктели кон полициските сили и државните институции, на што полицијата одговорила со употреба на солзавец и водени топови за да ги растера насобраните.
Според извештаите од теренот, во немирите биле оштетени и објекти на државни институции, меѓу кои Министерството за животна средина, Банката на Албанија и Градското собрание на Тирана. На протестот учествувале илјадници граѓани од различни делови на земјата, студенти и Албанци од дијаспората, кои барале оставка од премиерот Еди Рама и пошироки политички промени.
Рама на концерт во Валона, граѓаните револтирани од корупцијата и проектот на јужниот брег
Додека во Тирана траеле протестите и судирите, премиерот Еди Рама објавил видеоснимка од концерт на Плоштадот на знамето во Валона, организиран по повод 114-годишнината од прогласувањето на независноста на Албанија.
Протестите се дел од поширокото незадоволство од владеењето на Рама, а барањата на демонстрантите вклучуваат борба против корупцијата, подобри услови за живот, вработување, образование и здравство. Незадоволството дополнително се засили по контроверзиите околу планираниот туристички проект на јужниот албански брег, поврзан со инвестициска компанија основана од Џаред Кушнер, зетот на американскиот претседател Доналд Трамп – протести кои првично беа насочени против овој проект, но постепено прераснаа во пошироко движење со барање за оставка на премиерот.
-
La Linea v14
699 ден
524.25 ден -
Кафе и пиво
699 ден
524.25 ден -
Јога шимпанзо
699 ден
524.25 ден -
Апсана
699 ден
524.25 ден -
La Linea v4
699 ден
524.25 ден -
La Linea v5
699 ден
524.25 ден







