во , ,

6 Помалку очигледни симптоми за анксиозност кои не треба да ги игнорирате

Ова се симптоми што ги знаат сите, но постојат и други, кои можат да почнат да се појавуваат долго пред вашиот прв паничен напад.

Затоа, добро би било да ги знаете и помалку очигледните симптоми на анксиозно нарушување, со цел навреме да побарате помош.

Проблеми со концентрацијата

Дали често ви се случува стопати да прочитате некоја реченица, но никако да сфатите што кажува бидејќи не можете да се фокусирате? Ако редовно сте во слични ситуации, можеби проблемот е анксиозност.

Реклама

Анксиозноста влијае врз когнитивните способности и може да ви создаде проблеми со концентрацијата. Во овој случај вашиот мозок работи со „полна пареа“, размислувате и се грижите за многу работи одеднаш, па нормално дека ќе ви биде тешко да се фокусирате на едно нешто.

Избувливост и гнев

Ако сте личност која без проблем го контролира темпераментот, но одеднаш избувнувате и за најмалите ситници, можно е и тоа да биде знак за анксиозно нарушување.

Обично анксиозноста е поврзана со стресни и напнати ситуации и чувството дека не можете да направите ништо во врска со нив. Гневот, пак, најчесто произлегува од фрустрација.

Па ако имате анксиозност и ја потиснувате без воопшто да сте свесни за тоа, голема е веројатноста да се претвори во фрустрација, а оттаму и во гнев. А, гневот ќе ве направи многу поизбувливи.

Болки во градите

Уште еден необичен симптом, но некои истражувања покажале дека четвртина од луѓето кои бараат лекарска помош поради болки во градите всушност покажуваат симптом на анксиозност.

Анксиозноста може да го зголеми крвниот притисок и да предизвика други промени во кардиоваскуларниот систем, кои резултираат со болка во градите. Во некои случаи, болката воопшто не е поврзана со крвниот систем и е резултат на отежнатото и забрзано дишење кое се јавува со анксиозноста.

Болки во вратот и грбот

Можеби ви звучи чудно, но анксиозноста се манифестира и преку физички симптоми. Бидејќи сте постојано напнати и несвесно ги стегнувате мускулите, голема е веројатноста да почувствувате болки во вратот и грбот.

Главоболки

Анксиозноста го „тера“ телото да лачи кортизол и адреналин – хормони кои го подготвуваат за потенцијално опасна ситуација. Поради ова мускулите во телото, вклучувајќи ги и оние на лицето се стегнуваат, па може да се појави болка.

Истовремено, анксиозноста често е пропратена и со бруксизам, односно стискање на забите. И ова се случува несвесно и може да предизвика главоболка.

Дигестивни проблеми и „пеперутки“ во стомакот

И овојпат причината е лачењето одредени хормони, односно одговорот на телото познат како „бори се или бегај“. Во овој случај, покрај ослободувањето кортизол и адреналин, се намалува дотокот на крв до стомакот, а околните мускули се стегнуваат. Сето ова може да предизвика чувство на гадење, „пеперутки“ во стомакот, па дури и болки.

Кога да побарате помош?

Дури и да забележите само еден симптом на анксиозност, добро би било да се консултирате со лекар.

Анксиозноста е сериозно нарушување што може да има многу негативни последици и врз вашето здравје и врз секој аспект од животот. Затоа, најдобро побарајте помош, односно советувајте се уште при првиот симптом, дури и ако сте убедени дека не е ништо сериозно.

Вашиот лекар ќе ви помогне подобро да го сфатите нарушувањето и, ако има потреба, ќе ви каже што да правите, иако не секогаш мора да значи дека ќе се работи за анксиозност.

Важно е да знаете дека анксиозноста е нарушување што се лекува и нема потреба да страдате во тишина.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

16 Стари работи од отпад кои со малку љубов и труд блеснале во ново руво

Овој човек реши целосно да го промени животот откако преживеал скоро фатален срцев удар и изгледа непрепознатливо