во , ,

7 Неверојатни факти за животот на Филипините кои сигурно не сте ги знаеле

Земјата има околу 100 милиони жители чиј живот е многу, многу поразличен од нашиот.

Во продолжение неколку факти за Филипините и животот на локалците што го докажуваат ова:

Шарени возила за јавен превоз

Најпопуларното возило за јавен превоз на Филипините се нарекува jeepney и наликува на мал автобус. Некои од овие возила има место само за 3-4 лица, а во некои можат да се сместат и повеќе.

Возилата се истакнуваат со живите бои и со текот на времето се претвориле во симбол на филипинските култура и уметност.

Реклама

Уште поинтересно е нивното потекло. По Втората светска војна, во Манила биле уништени скоро сите возила кои се користеле за јавен превоз. Па, локалците ги замениле со воените џипови што ги оставиле американските војници.

Со текот на времето, почнале да ги украсуваат, а потоа и да ги заменуваат со нови слични возила.

Овде се наоѓаат некои од најубавите острови во светот

Уникатните пејзажи, планините, дивиот свет и богатат вегетација ги прават филипинските острови едни од најубавите во светот.

Земјата ја сочинуваат над 7.000 острови со различна големина, од кој голем дел се речиси недопрени.

Кога одат на патување, Филипинците им купуваат подароци на блиските

Филипините секогаш им купуваат подароци на најблиските кога одат на патување. И ние ја имаме оваа навика, но кај нив е дел од културата.

Со овие подароци тие си покажуваат почит, а некогаш се и начин да се зближат со личност која не ја познаваат многу добро. Овој подарок е и знак дека личноста помислила на саканите без разлика што била далеку.

Исто така, колку подалеку отишла личноста, толку е поважно да купи нешто за блиските.

Имаат шарен фестивал по Нова година

Во јануари, во Филипини се прославува фестивалот Ati-Atihan во чест на „светото дете“ односно детето Исус.

Најголемата прослава се случува во третиот викенд од јануари каде што локалците се облекуваат во шарени костими, си ги цртаат лицето и телото со бои, танцуваат и се дел од голема парада.

Имаат вулкан со совршена форма

На Филипините се наоѓа вулканот Мајон кој е препознатлив по совршената конусна форма.

Вулканот е планина висока околу 2.400 метри. Има еруптирано над 50 пати во последните 400 години, а последната ерупција беше во јануари 2018 година.

Нивните оризови полиња се заштитени од УНЕСКО

Уникатните оризови полиња во Филипини, нарекувани и оризови тераси, се сметаат за светско наследство и се заштитени од УНЕСКО.

Се верува дека полињата првпат биле насадени со ориз пред околу 400 години.

Филипинците избегнуваат тоалетна хартија

Наместо тоалетна хартија, Филипинците преферираат вода и имаат специјален сад за таа намена познат како tabo.

Овој сад се наоѓа во скоро сечиј тоалет и е една од најважните алатки за хигиена кај Филипинците.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

14 Мистериозни тајни за Мона Лиза кои сигурно не сте ги знаеле

Тип вози кола, одеднаш БАМ, некој го удира…