во ,

7 Причини зошто сегашноста е многу подобра од минатото

Сите многупати сме слушнале како постарите генерации велат дека „порано било многу подобро“, но постојат многу работи кои го докажуваат спротивното.

Постарите генерации се убедени дека во „нивно време“ нештата биле подобри. Дали можеби поради носталгија или фактот дека светот драстично се промени за само 2-3 децении, тие веруваат дека ситуацијата само се влошува.

Иако и денес не живееме во утопија, факт е дека во некои аспекти, нашиот живот е значително подобар од оној на луѓето кои живееле пред многу, многу години.

Реклама

Во продолжение погледнете седум причини зошто е тоа така:

Вселенскиот туризам е поблиску од кога било

Неколку компании веќе се обидуваат да го направат вселенскиот туризам реалност. Иако засега ова е луксуз што можат да си го дозволат само најбогатите, во блиска иднина патувањето во вселената веројатно ќе стане достапно за скоро сите.

Имаме напредна дентална медицина

Можеби не придаваме големо значење на ова, но замислете како им било на луѓето во минатото кога ќе се соочеле со проблеми со забите.

Порано заболекарите немале ни нешто приближно добро како технологијата што им е достапна на денешните заболекари, па неретко единственото решение за пациентите било вадење на расипаниот заб.

Покрај тоа, не заборавајте дека порано немало ни анестезија.

Репродуктивната медицина значително напредна

Денес паровите кои не можат да имаат деца од разни здравствени проблеми можат да се обратат кај експерти и имаат огромни шанси да добијат нивно биолошко дете.

Сурогат мајки, асистирано оплодување, оплодување со донор… напредокот во оваа област е повеќе од очигледен.

Џиновските панда мечки повеќе не се загрозен вид

Факт е дека човештвото имаше голем удел во истребувањето на бројни животински видови, но изгледа почнуваме да учиме од нашите грешки. Иако уште постојат загрозени видови, експертите вложуваат многу за да го зголемат нивниот број.

Поради овие напори, многу видови се тргнати од листата на загрозени животни, а овде спаѓаат и панда мечките.

3Д печатачите се реалност и имаат огромна примена

3Д печатачите повеќе не се плод на нашата фантазија и денес се употребуваат на големо, и тоа во секакви индустрии.

Оваа технологија веќе се тестира и за 3Д печатени органи – нешто што засекогаш ќе ги промени трансплантациите.

Транспортот е многу, многу побрз

Денес еден комерцијален авион може да направи круг околу светот за само 51 час, во случај да не застанува воопшто. Од ова е јасно колку всушност е брз денешниот транспорт.

Во минатото тешко дека ќе сте стигнеле до некоја подалечна дестинација за помалку од 2-3 дена.

Кога не сме во можност да отидеме некаде, достапни ни се виртуелни прошетки

Нормално, ништо не го заменува патувањето, но кога не сме во можност, можеме да ги посетиме најпопуларните туристички дестинации виртуелно. Алатките како Google Earth ни овозможуваат да „прошетаме“ низ улиците на скоро секој град.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Изграден е уникатен мост што може да се преместува по потреба

Предвидувањето на Нострадамус за крајот на светот