во , ,

8 Работи на кои никогаш не треба да штедите пари

Некогаш купувајќи ја поевтината опција, вие всушност долгорочно може да потрошите повеќе пари, плус во некои ситуации неквалитетот на купената работа може негативно да се одрази на вашето здравје.

Работи на кои не треба да штедите:

Сијалици

Обичните сијалици трошат повеќе струја и побрзо прегоруваат за разлика од ЛЕД сијалиците, кои на долг рок се поисплатливи, иако се поскапи кога ги купувате.

Ќеси за ѓубре

Навистина не сакате ќесето преполно со ѓубре да ви се истури среде ходник додека го изнесувате. Купете поеластичен и поиздржлив тип на ќеси.

Тавче

Евтините опции се направени од неквалитетни материјали, брзо ќе се изгребат и ќе мора да ги фрлите. Купете поквалитетна опција која ќе трае долго, плус ќе биде лесна за одржување.

Чанти

Неквалитетните чанти брзо го губат изгледот и ќе мора да ги замените со нови. Плус, чантата навистина е впечатлив моден додаток со кој го градите впечатокот на луѓето за вас.

Сапуни

Кожата е најголемиот човеков орган, па негата за неа со квалитетен сапун е клучна. На овој начин ќе спречите сушење, иритација и сериозни здравствени состојби.

Квалитетна „глава“ за тушот

Убавиот млаз вода ќе ве релаксира по напорниот ден. Се туширате секој ден, па за да го подобрите искуството купете си квалитетна туш-глава.

Слушалки

Ако сакате добар квалитет на звук и слушалки кои долго ќе ви траат, тогаш не смеете да штедите на нив.

Тоалетна хартија

Евтината тоалетна хартија можеби ви изгледа како добар трик да заштедите, но всушност таа има помалку слоеви, помалку влакна и лошо ја апсорбира влажноста, па така всушност трошите повеќе хартија. Поисплатлива е поквалитетна опција.

Навалица Продавница

Што мислиш?

27 Поени
Upvote Downvote

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

20 Пати кога славните личности биле едвај препознатливи на нивните слики од детството

20 Смешни и чудни фотографии кои може да ги видите само во Полска