во , , ,

8 Цртани филмови кои ќе ве вратат во детството

Трансформери

Ако децата се фасцинирани од нешто, тогаш тоа се роботи. Така, цртаната серија, во која добрите и лошите роботи се во постојан конфликт, стана светски хит.

Позитивната група роботи, Autobots, ја предводи Optimus Prime, додека негативните роботи, Decepticons, ги води Megatron. Она што е особено интересно е дека сите се трансформираат во автомобили, авиони и животни.

Хи-Мен

Целосното име на овој култен цртан филм е „Хи-Мен и господарите на универзумот“. Одличната графика, специфичниот изглед на ликовите, многу фантазија и магија, сè она што ја прави серијата апсолутно незаборавна.

Кога принцот Адам се претвора во Хи-Мен со помош на магичен меч, тој започнува со разни авантури, од кои главната е битката против Скелетор.

Скуби Ду

Вилма, Дафне, Шеги и Фред, со помош на кучето Скуби Ду, ги решаваат навидум ужасните хорор мистерии. На крајот, секогаш се добива рационално објаснување за сите настани. Скуби Ду е куче што зборува, и иако е очигледно срамежливо, важно е за решавање на секоја загатка.

Инспектор Гаџет

Смешниот и несмасниот инспекторот Гаџет е во постојана битка против злобниот д-р Канџа. Бидејќи Гаџет е пола човек пола машина, користи многу механички елементи за да му помогнат да се справи со лошите момци.

Десната рака на Гаџет е внуката Пени и нејзиното куче Брејн, кои се, всушност, „мозокот на операцијата“, причината што инспекторот успева да победи.

Следна Страница

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Омилениот вонземјанин E.T. се враќа на Земјата во неодолива празнична реклама

Сакате божиќни филмови? Овие „тајни“ кодови од „Нетфликс“ ќе ви го подобрат празничното расположение