во , ,

8 Неверојатни факти за индиската железница: Најдолгата рута трае 82 часа, луѓето не висат од возови

Возењето по индиската железница се смета за авантура сама по себе. Индија е една навистина шаренолика земја, во секоја смисла на зборот – инфраструктурата се менува од кварт до кварт, а најчеста глетка е гужвата во индиските возови.

Ова се некои интересни факти за индиските возови, перони и железницата:

1. Chennai – Rameswaram е една од најопасните рути на светот

Пругата која ги поврзува овие два града вклучува и премин преку мост долг 2,3km. Железничкиот мост е изграден во 1914-та година, а под него минуваат бродови.

Реклама

Делови од оваа рута честопати се поплавени, а силните морски струи се причина за бавното возење на возовите.

2. Најдолгиот железнички пат е преку 4.000 km

Вивек Експрес ќе ве води од Dibrugarh до Kanyakumari – дистанца од 4.219 km кои ги поминува за 82 часа и 30 минути.

3. Доцнење на возовите

Индија е лидер во светот кога станува збор за доцнење. Некогаш може да бидат часови, но, некогаш и денови. Еден ден поминат на железничката станица велат дека е филмско искуство. Guwahati – Trivandrum Express е возот кој доцни во просек 10 до 12 часа.

4. Најскап воз во Индија

Maharajas Express е луксузен воз кој спаѓа во најскапите во цела Азија. Овој воз може да ве одведе на најголемите туристички атракции во земјата. Популарни се турите кои траат 8 дена. Ова фенси задоволство ќе ве чини од 800 до 2500 долари на ден.

5. Воз со најмногу станици

Возот Howrah-Amritstar на својата рута застанува дури 115 пати.

7. Станица со најдолго име

Venkatanarasimharajuvaripeta.

8. И покрај бројните фотографии, луѓето не „висат“ од возовите

Индијците за ова се навредуваат и велат: „Тие фотки се од Бангладеш, кај нас нема вакво нешто!’


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Робинзон Крусо од реалниот живот го напушта островот: Враќање во цивилизацијата на човекот кој 30 години живее изолиран

7 Интересни детали за летови кои повеќето патници во авион не ги забележуваат