во , ,

8-те најголеми скулптури во светот

Ширум светот постојат бројни споменици и скулптури. Но, некои од нив навистина се истакнуваат со нивната големина и величественост. Па дознајте нешто повеќе за најголемите скулптури во светот, каде се наоѓаат и колку всушност се високи.

1. Божицата на милоста – Хаинан, Кина


Во Кина постојат многу статуи посветени на божествата од будизмот. Статуата Божицата на милоста во кинеската провинција Хаинан е најголема и има висина од неверојатни 108 метри.

2. Статуата на слободата – Њујорк, САД

Реклама

Ова е еден од најпознатите споменици во светот. Статуата е висока 46,5 метри, а пиедесталот има висина од 46,9 метри. Статуата е подарок од Франција како знак за пријателство и е поставена во 1886-та година.

3. Најголемиот златен Буда – Патаја, Тајланд

Во местото Патаја во Тајланд се наоѓа статуа на Буда седнат во лотус положба. Статуата е висока 18 метри и е најголемиот златен Буда во светот.

4. Статуа на единството – Гуџарат, Индија

Неодамна поставената статуа на Сардар Валабхај Пател со нејзините 182 метри ќе биде највисоката статуа на светот. Проектот чинел околу 410 милиони евра.

5. Споменик на Петар Велики – Москва, Русија

Оваа статуа во Москва е една од најчудните, но и најголемите во светот. Направена е од грузискиот вајар Зураб Церетели како прослава за 300 години од постоењето на руската морнарица. Статуата е поставена во 1997-ма година и тежи 1.000 тони. Два пати е прогласена и за најгрдата градба во светот.

6. Мајка на татковината – Волгоград, Русија

Статуата на маж кој држи меч е направена во сеќавање на битката во Сталинград. Направена е од познатиот руски вајар Евгениј Вучетиќ и архитектот Николај Никитин. Во 1967-ма година била прогласена за највисока статуа во светот.

7. Царевите Јан и Јуанг – Хенан, Кина

Според легендата, Јан и Хуанг се првите предци на Кинезите, па во нивна чест е подигнат споменик висок 106 метри. Интересно е што споменикот не спаѓа во највисоките статуи во светот бидејќи на него ги има само главите, но не и телата на царевите.

8. Најголемиот бронзен Буда – Џијангс, Кина


Висока дури 88 метри, бронзената скулптура на Буда спаѓа меѓу највисоките во светот. Ова е највисоката статуа на Буда направена од оваа легура на бакар.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

7-те најпопуларни туристички дестинации ширум светот во моментов

6 Морничави приказни за страшните кукли, после кои нема да можете лесно да заспиете