во ,

9 Златни правила за однесување во супермаркетите во време на корона

Не ги купувајте сите средства за дезинфекција и сите влажни марамици, што ако вие се заштитите од вирусот, а другите не, бидејќи не сте оставиле средства за нив – нема да спречите ширење на корона вирус.

Дали и вие сте дел од оние кои панично трупаат производи дома?

Во маркетите почнаа да недостигаат производи и да се качуваат цените на одредени артикли. Мора да запомните дека во оваа сериозна ситуација не смеете да трупате залихи во вашиот дом.

Не паничете, не создавајте неред и однесувајте се одговорно во овој тежок период.

Правила за купување кои не смеете да ги заборавите периодов:

1. Не одете на купување без пред тоа да направите детален список што ви е потребно.

2. При купувањето, внимавајте на рокот на траење на производите.

3. Доколку сте во можност ставете маска на лицето додека сте во маркетот за луѓето околу вас да се чувствуваат безбедно дека нема да ги заразите со нешто, но и самите да се заштитите (потоа маската фрлете ја).

4. Кога одите во маркет, на каса одржувајте дистанца од најмалку 1 метар од личноста пред вас и не се туркајте преку ред.

5. Бидете културни и не заборавајте дека вработените во маркетите се крајно исцрпени од темпото периодов, па не им отежнувајте дополнително.

6. Не купувајте 10 килограми брашно и 20 туна конзерви, помислете дека и другите имаат потреба од тоа.

7. Не ги купувајте сите средства за дезинфекција и сите влажни марамици, што ако вие се заштитите од вирусот, а другите не, бидејќи не сте оставиле средства за нив, – ќе ве заразат и вас.

8. Одговорно управувајте со буџетот, не заборавајте дека имате и сметки за плаќање.

9. Не се оставајте без денар во џеб, чувајте пари за непредвидливи ситуации.

Што мислиш?

5 поени
Upvote Downvote

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ја нарекуваат златен еднорог бидејќи има само едно уво на главата, но таа е неодоливо слатка

Ова преслатко момче е Инстаграм сензација, кога ќе го видите сè ќе ви биде јасно