Малиот Фарук Џејмс има само осум годиниа, а веќе на Инстаграм го следат речиси 300.000 луѓе.
Фарук стана популарен уште кога имаше 2 години, откако неговата мајка објави фотографија од неговата фризура на Инстаграм.
Шест години подоцна, ова дете е Инстаграм сензација, а неговата коса веројатно е најнеобичната фризура која ја има некој 8-годишник. Бујната афро коса го однела малиот Фарук во светот на манекенството, а агентите се воодушевени од неговиот изглед.
Кога го гледаат на улица, многумина помислуваат дека Фарук всушност е девојче, но без оглед на тоа, шишањето дефинитивно не доаѓа предвид.