во , ,

9 Популарни митови за земјите, во кои сите залудно веруваат, а локалците ги нервираат

Сите Швеѓани се восхитуваат на ABBA, Германците никогаш не доцнат, а во Куба се возат само ретро автомобили – верувате ли и вие во овие стереотипи за земјите?

Низ годините во светот се создавале одредени стереотипи за секоја земја и жителите во неа, кои всушност не се точни, барем не за секој жител на земјата.

Реклама

Па така, многумина веруваат дека во Шпанија сите се опседнати со сиеста, а во Саудиска Арабија дека никој не е образован.

Сите овие верувања кои луѓето низ светот ги имаат за одредени земји им одат на нерви на локалците, а според истражувањата, очигледно е дека воопшто не се точни.

Шпанците секојдневно уживаат во сиеста

Всушност, Шпанците веќе долго време не памтат како е да се вариш неколку часа додека спиеш на жештината. Според истражувањата, 58% од нив никогаш не спијат преку ден, а само 16% практикуваат сиеста.

Жените во Саудиска Арабија немаат образование

Всушност, статистиките покажуваат дека во 2010 дури 58% од студентите на локалните универзитети се жени. Сепак, проблемот постои – квалитетот на образованието е полош за нив, спортот е лимитиран и сепак постои родова нееднаквост.

Во Куба се возат само ретро автомобили

Повеќето автомобили во Куба се модерни модели, а ретро автомобилите од ’50-ите кои се среќаваат се вистинска туристичка атракција, па тие го користат тоа како предност.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

13 Секојдневни предмети што сигурно сте ги употребувале погрешно

22 фотографии кои се доказ за Фотошоп генијалноста на корисниците на Редит