во ,

9 Урнебесни вицови за повесел понеделник

Ѕвони телефонот… Слушалката ја крева таткото на девојката:
-Здраво! Ти ли си рипче мое?
-Не! Овде е сопственикот на аквариумот


Цветко легнал на паркиралиште и спие. Дошол полицаецот, го буди и му вели:
– Разбуди се, Цветко! Не си ти кола!
– Па, не си ни ти пајак – одговара Цветко.

Реклама

Плавуша носи саат на поправка кај саатчија. Саатчијата ја прашува:
– Што е проблем со саатот?
– Не работи, изгледа батеријата е потрошена.
– Ама овој саат работи на навивање.
Плавушата излегла од дуќанот и почнала:
– ИЗЛЕЗИ МОМЧЕ ПРАВО НА ТЕРАСА


Дечкото: Колку години имаш ти девојче?
Девојката: 13, а ти?
Дечкото: 20.
Девојката: Годините се само број!
Дечкото: Затворот е само просторија.


Улаза згодна женска у продавницу и прашуе га продавача кој неможе да га тргне поглед од њума:
Колко паре е овај чоколада?
– 1 пољубац.
Епа супер баба ми плаќа!


Анонимно писмо:
Трпе и вели на сосетката:
– Митро мори, вчера добив анонимно писмо, некој напишал дека јас сум бил магаре, жена ми – овца, а син ми – свиња.
– Баш ми е жал Трпе, сигурно е некој што многу добро ве познавa!


Влегува жена во продавница за Нови Мажи, за да си купи маж.
На влезот на првиот кат, на знакот пишува:
Прв кат: Овие мажи имаат работа.
На вториот кат пишува:
Втор кат: Овие мажи имаат работа и сакаат деца.
На знакот на третиот кат пишува:
Трет кат: Овие мажи имаат работа, сакаат деца и навистина добро изгледаат.

Иако воодушевена од досегашната понуда, жената одлучува да продолжи.

Стига на четвртиот кат, каде на знакот пишува:
Четврти кат: Овие мажи имаат работа, сакаат деца, вонредно се згодни и помагаат околу домашните работи.

“Фала ти Боже. Блазе мене, веќе не можам да издржам!”

Сепак, таа продолжува на петтиот кат, каде на знакот пишува:
Петти кат: Овие мажи имаат работа, сакаат деца, вонредно се згодни, помагаат во домашните работи и имаат силна романтична страна.

Таа е примамена тука да застане, меѓутоа не може да се воздржи и продолжува на шестиот кат, каде на знакот пишува:
Шести кат: Вие сте посетител 31.412.124 на овој кат.
На овој кат нема мажи.
Овој кат постои само за да се докаже дека жените е невозможно да се задоволат.

Благодариме што купувавте во продавницата за Мажи.

За да избегне префрлања за полови предрасуди, сопственикот карши постојната, отвора продавница за Нови Жени.

Првиот кат има жени кои сакаат секс.

Вториот кат има жени кои сакаат секс и имаат пари.

Третиот, четвртиот, петтиот и шестиот кат никогаш не се посетени.


Две баби разговараат:
– Колку тежиш?
– 70 килограми со се очилата.
– А без нив?
– Без нив не можам да ја видам вагата.


Инспекција : Карта молам .
Ние : What ?
Инспекција : Ticket please.
Ние : Шо ?


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

18 Фотографии кои докажуваат дека природата сè уште има по некој трик во ракавот

18 Докази дека вистинската археологија може да биде интересна како во филмовите