во ,

9 тајни што бизнисите и корпорациите не сакаат да ги знаете

Речиси секој бизнис има само една цел – профит. И најчесто сопствениците на овие бизниси би направиле сè за да го остварат, па дури и би ги лажеле нивните корисници со тактики кои се ниту легални, ниту нелегални. Големите корпорации имаат неколку тајни што потрошувачите не би сакале да ги дознаат, бидејќи во спротивно би се намалила нивната продажба. Сепак, јавноста открива сè повеќе и повеќе од овие измами, а следниве 9 се едни од најчестите.

1. Супермаркетите додаваат јаглероден моноксид за месото да изгледа поцрвено

Доколку мислите дека црвената боја е знак за посвежо месо, тоа не е секогаш вистина. Благодарение на штетниот јаглероден моноксид, месото може да ја задржи неговата боја дури и откако ќе се расипе. Природно, месото добива сива или кафеава боја по неколку денови, па за да го спречи ова, месната индустрија го смислила модифицираното атмосферско пакување (MAD). Месото се изложува на гасот пред да се спакува и поради ова може да остане свежо дури цела година.

Реклама

2. Кабелските телевизии ги забрзуваат програмите за да покажуваат повеќе реклами

Кабелските телевизии го прават ова поради две причини. Првата е тоа што колку повеќе реклами прикажуваат, толку повеќе заработуваат бидејќи рекламирањето на телевизија станува сè поевтино. Втората причина е да ги исполнат договорите за гледаност што ги направиле со рекламните компании. Ова забрзување е речиси незабележливо за гледачите – филм од 30 минути би бил забрзан за само 2 минути. Иако изгледа тривијално, можат да се заработат и до 65.000 евра од тие две минути. Дури и луѓе кои учествуваат во сериите и шоуата го забележале ова. На пример актерката Кортни Кокс, која ни е позната како Моника од серијата „Пријатели“, забележала дека серијата е забрзана бидејќи нејзиниот глас звучел поразлично.

3. Тонерот за печатач од „непозната“ фирма е исто толку добар колку и брендираниот

Производителите на печатачи често тврдат дека тонерите од непознати брендови можат да го оштетат самиот печатач. Ова е лага и производителите го прават со цел да ги купувате нивните производи. На пример компаниите како НР и Epson повеќе заработуваат од тонерите наместо од самите печатачи. Бидејќи „непознатите“ компании не продаваат и печатачи, нивните тонери се и до 90% поевтини. Некои компании како НР, одат и дотаму што ги програмираат нивните печатачи да не работат доколку детектираат тонер од друга фирма.

4. Бејби морковите се обични моркови

Oвие моркови се мали, заоблени и излупени. Исто така имаат неверојатна портокалова боја. За разлика од обичните моркови, овие се веднаш подготвени за јадење. Но, бејби морковите се всушност обични моркови кои се исечени. Првиот бејби морков бил направен во 1980-тите кога Мајк Јуросек исекол неколку моркови кои биле скршени и во лоша состојба и ги направил помали. Во тој период фармерите фрлале 70% од морковите бидејќи биле скршени или имале лоша форма. Бидејќи не сакал да трпи загуба, Мајк користел нож за лупење компири и ги направил привлечни за продажба и успеал во намерата.

Денес фармерите одгледуваат моркови со оваа цел. Ги берат пред да созреат и потоа ги сечат во помали големини. Исто така ги мијат со хлор и вода, наводно за да ја отстранат бактеријата ешерихија коли. Сепак на многу луѓе не им се допаѓа тоа што хлорот се користи во храната.

5. Некои компании намерно ги саботираат нивните продукти за да купите нови

Минатата година Епл се најде во сите медиуми откако се дозна дека ги забавува постарите модели на ајфон со цел да ги натера потрошувачите да купуваат нови. Ова не е единствената компанија што го прави ова, но е единствената што е фатена на дело. Ова саботирање се случува на неколку начини. Компаниите како Епл тајно додаваат „непријателски“ код во нивните надградби за софтвер.

Компаниите кои ја немаат оваа опција, обично го саботираат продуктот за време на самото производство. Користат материјали со слаб квалитет, така што за неколку години производот ќе се расипе или скрши, па ќе мора да се замени. Највиновни за ова се производителите на автомобили, па поради тоа секоја година издаваат нови модели.

6. Препишаната храна за животни е лага

Во некои држави постои храна за животни која не е достапна во продавниците за миленици и може да се купи само со рецепт од ветеринар. Ветеринарите ја препишуваат оваа храна само затоа што производителите им кажуваат да го прават тоа, а не бидејќи е поразлична од обичната. Бидејќи не е достапна во продавниците, храната изгледа како да е лек кој не може да го купи секој. Наводно препишаната храна е со посебна формула која ќе ги третира медицинските состојби на животните, но ова не е целосно точно. Овој вид храна не содржи никакви лекови и може само да има повисоко или пониско количество на состојки како протеин или натриум, во зависност од состојбата што треба да ја „лекува“.

7. Производите без глутен се лага

Сите производители и бизнисмени научија да бидат покреативни со нивните маркетиншки трикови откако луѓето станаа посвесни за нивното здравје. Храната без глутен е една од последните вакви измами. Бидејќи јаглехидратите како лебот почнале да се продаваат помалку откако во маркетите се појавиле таканаречени верзии без глутен, јасно е дека луѓето паѓаат на измамата.

Денес пекарите, слаткарниците и продавниците имаат верзија без глутен од речиси секој производ, вклучувајќи ја и храната што никогаш не содржела глутен. Глутенот нема ефект на повеќето луѓе и оние кои навистина имаат потреба од храна без глутен се луѓето со болеста целијакија. Само 1 од 100 луѓе страда од оваа болест, па нема потреба да давате повеќе пари за продукти без глутен доколку немате здравствени причини за тоа.

8. Флашираната вода е вода од чешма

Голем број компании ширум светот кои продаваат флаширана вода, всушност продаваат вода од чешма. Оваа вода е филтрирана, отстранет е флуорот, а со ова се зголемува ризикот од појава на кариес кај луѓето. Токму поради отстранувањето на флуорот многу луѓе сметаат дека водата од чешма е подобра од флашираната. Обично водата од чешмата е почесто регулирана од флашираната, а оние кои ја продаваат флашираната често ја рекламираат користејќи зборови како „планинска“ и слично.

9. Фармацевтските компании им плаќаат на лекарите за да ги препишуваат нивните лекови

Понекогаш фармацевтските компании им плаќаат на лекарите да ги препишуваат нивните лекови. Во САД се направила регулатива за ова, па денес овие компании можат да ги носат лекарите само на патувања за едукација и не смеат да им дадат подароци поскапи од 90 евра. Сепак, имаат дозвола да им плаќаат на лекарите за аранжмани за консултирање. Со цел да се промовира транспарентноста помеѓу лекарите и фармацевтските компании, владата на САД ја создала Отворената алатка за пребарување на исплати. Ова е веб-сајт каде што пациентите можат да го внесат името на нивниот лекар и да откријат дали добил пари од некоја компанија за лекови.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

10 Неверојатни теории на заговор за Антарктикот

10 мистерии што ја опкружуваат Мона Лиза, најпознатото дело на Леонардо да Винчи