Од работи складирани во замрзнувачот од пред 2 години и стари ножеви кои не сечат повеќе – до чорапи кои останале само по еден, што сѐ треба да исфрлите од дома?
Понекогаш колку и да го чистиме домот во него владее хаос. Тоа најчесто се случува затоа што трупаме работи кои не ни се потребни.
Супер Попуст -25%
-
La Linea v16
699 ден
524.25 ден
Време е за чистка и ослободување од работите кои не ги користите.
Работи кои веднаш треба да ги исфрлите од дома:
Облека што ви е мала и за која најверојатно залудно си велите дека еден ден повторно ќе ја носите

Убава, но износена долна облека за која сте емотивно врзани, но која веќе е бескорисна

Стари тестери од парфеми и козметика

Милион картички за попуст, дури и од продавници во кои сте стапнале еднаш и никогаш повеќе

Чорапи кои останале само по еден

Стари зачини

Работи складирани во замрзнувачот од пред 2 години

Стари ножеви кои не сечат повеќе и премногу пати се острени

Демоде бижутерија

Предмети со иста намена кои ги имате по двапати



